Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Потресно сведоштво од скопско училиште: ученик извадил нож на час, Јаневска најави дефенитивен крај на ваквото однесување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library21o2j76r2j3d1bSPEwr

Родители од ОУ „Киро Глигоров“ алармираат дека ученик четири години покажува агресивно однесување, а последно дошол со нож на час. Тврдат дека училиштето и службите уверуваат дека „работат со детето“, но состојбата се влошува и родителите не се чувствуваат безбедно, барајќи вонредни родителски средби. Министерката Весна Јаневска вели дека е запознаена и дека постапува Државниот просветен инспекторат. Посочува дека е потребна функционална проценка (МКФ), можен образовен асистент и делумно вклучување во друга установа; евентуална смена на директорката е надлежност на градоначалникот.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Родители на деца кои учат во основното училиште „Киро Глигоров“ испратија порака до редакцијата на Скопје 1, во врска со детето кое со нож дошло на училиште. Според нив, службите четири години службите велат дека работат со детето, но ситуацијата се влошува.

— реклама —

Детето четири години е агресивно, насилно и минатата година син ми кој е со посебни потреби со ножички. Бркаше девојче со ножички низ училницата, за сега да извади нож на час. Мајката потпишала дека пржела лепчиња и му го подготвувала ранецот во исто време и по грешка ставила нож во ранецот. Од директорката четири години добиваме уверување дека се работи со детето, но станува неиздржливо. Четири години работат со детето и само се влошува состојбата. Во истото училиште ученичка истепа наставнички, што беше објавено на медиуми. Во сите одделенија се бара вонредна родителска затоа што родителите веќе не чувствуваат дека децата им се безбедни во училиште. Се пика под тепих за да не се наруши угледот на училиштето. Без медиуми очигледно нема нипто да направиме. Родителите на детето праќаат инспекција на наставничката, директорката и врши притисок на наставничката, ние родителите на наставничката и ништо не решивме. Од службите велат дека работат со ученикот, видовме од шамари и плуканици, преку ножички до нож. Се работи за деструктивно дете кое лиже клупи, јаде пластелин, сунѓер, живее во свој свет. Родителите четири години добиваат насоки од службите да го однесат детето на проценка во МКФ и тоа четири години не е направено“, велат родителите.

— реклама —

Во гостувањето во поткастот „Претрес со Ландов“, министерката за образование и наука Весна Јаневска, изјави дека е запознаена со случајот со детето од училиштето „Киро Глигоров“.

— реклама —

Го знам случајот, мислам дека денес постапува Државен просветен инспекторат, не сум сигурна тие ќе ме информираат, ќе состават записник и ќе ми кажат. И јас сум ги слушнала овие муабети дека директорката ги заштитува родителите и тоа ќе треба ако овој записник покаже дека има нешто да се продлабочи и прошири, вели Јаневска.

На прашањето дали може да ја смени директорката, министерката Јаневска одговори дека не може, бидејќи тоа е надлежност на градоначалникот Герасимовски.

„Не сме разговарале, не знам дали е точно, но од тоа што се слуша е така. Службите можат да работат со детето, но функционална проценка на ова дете е неопходна, и ако е сè ова што го пишуваат родителите точно, тогаш ќе треба дел од часовите детето да ги помине во друга установа. Треба да има образовен асистент, очигледно детето нема, бидејќи не се спомнува овде. Како и да е овој случај ќе продолжиме да го истражуваме. Дефинитивно ќе мора да се реши“, вели Јаневска.

Видете и други сведоштва:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library03bqdjkr0cjm2LsHY7F

„Пајак“ крена 103 возила за една недела во Центар

Скопје | пред 10 часа

media-libraryq48e5bmkrpp11x6jO74

Општина Центар ја спроведе пролетната дератизација, опфатени 2 000 шахти на целата територија

Скопје | пред 3 дена

rabotnicki-gerasimovski-3

Центар ќе ја слави гастрономијата: распишан повик за „Нож и виљушка на европска чинија“

Скопје | пред 5 дена

media-librarydjkghpcgn8pb9CGWeZQ

Герасимовски: Исчистена дива депонија во Маџир Маало, собрани 12 тони отпад

Скопје | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања