Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Јаневска во конфликт со новинар откако и кажа да си носи преведувач на албански: Во Македонија има еден службен јазик!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Настани
vesna-janevska

Во текот на изјавите пред јавната дебата за предлог Законот за високо образование во Тетово, министерката за образование и наука Весна Јаневска повторно се објаснуваше околу употребата на јазиците. На новинарско прашање дали мисли дека е подобро наредниот пат кога ќе дојде во Тетово да си земе преведувач на албански јазик, Јаневска одговори дека во Македонија има еден службен јазик и не треба да има преведувач.

— реклама —

Во Македонија има еден службен јазик и уште еден што го зборуваат заедниците. Јас се наоѓам во Тетово каде што се зборува албанскиот јазик, но не треба да имам преведувач, вие треба да го знаете и македонскиот јазик, јас малку подразбирам, сум кажала неколку пати, но за да не згрешам во преводот замолувам да ми се преведе , и мислам дека ако сакаме да живееме во нашата заедничка земја, јас тоа илјада и еднаш сум го повторила, ова е наша заедничка земја ние во оваа земја треба да се почитуваме, да си ги почитуваме различностите, по можност да сиги знаеме јазиците, но доколку не можеме да се разбереме, треба да си помогнеме едни на други, за тоа да биде така“, изјави Јаневска.

— реклама —

По изјавата, новинар и порача следниот пат да си земе преведувач.

— реклама —

Друг пат кога ќе доаѓаш во Тетово треба да си земеш преведувач“, рече еден од новинарите

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library59pnidr2ak188CNpr7I

ЗНМ реагира за комуникацијата со Јаневска со „ти рековме”: Прекршени се етичките стандарди во случајот со новинарот во Тетово

Македонија | пред 5 дена

media-library3lkuf0r6iacm9m9jZuI

Владата со остра реакција за односот на новинар кој министерката Јаневска: Слободата не е изговор за некултура

Македонија | пред 6 дена

media-library4eul2o4m40ot1CG6QNz

„Ако некој одлучил да прави естрада и циркузант од себе дозволете му“, рече Мицкоски за инцидентот со новинарот и Јаневска

Македонија | пред 6 дена

media-libraryfecvb73uh4k2aThOYuT

„Ти кажавме да си земеш преведувач“ кон министерката Јаневска - однесување што ја „тресе“ фелата

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања