Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Јаневска: Надлежните институции ќе одлучат за случајот со Филозофскиот факултет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 14 часа -

Македонија
media-libraryauap9k9q2pjo5eIDlfN

Министерката Весна Јаневска изрази надеж дека неправилниот упис на магистерски и докторски студии е изолиран случај, а не системски проблем. Таа рече дека Министерството не одлучува за одговорност, туку тоа е надлежност на други институции; постапките се во тек и се чекаат официјални извештаи. Доколку се поништи уписот, ќе следи и поништување на дипломите, но конечната одлука ќе ја донесат надлежните институции. УКИМ по наод на Просветниот инспекторат поништува упис на 7 магистранти и 4 докторанти, бидејќи со тригодишни стручни студии биле запишувани спротивно на закон; првиот случај е од 2019, осуммина магистрирале, докторирани нема.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изрази надеж дека случајот со упис на магистерски и докторски студии на Филолошкиот факултет без исполнети услови е изолиран и дека не станува збор за системски проблем, изјави таа при увид во градежни активности во Основното училиште „Крум Тошев“ во село Трубарево.

Таа посочи дека ситуацијата е комплексна и дека Министерството не е надлежно да одлучува за евентуална одговорност на кадарот, туку тоа е во надлежност на други институции, кои треба да ја утврдат фактичката состојба и да постапат согласно закон.

— реклама —

Јаневска нагласи дека постапките се во тек и дека се очекуваат официјални извештаи, по што ќе се донесе конечно решение за случајот, стои во нејзината изјава.

Во однос на прашањето за дипломите, таа посочи дека доколку се поништи уписот, ќе следи и поништување на дипломите, но додаде дека конечните одлуки ќе зависат од надлежните институции и од извештаите што се очекуваат.

— реклама —

Раководството на Филозофскиот факултет при УКИМ претходно соопшти дека на седум студенти на магистерски и четворица на докторски студии им се поништува уписот и статусот на студенти, по утврдени неправилности од Државниот просветен инспекторат, кој наложил прекин на студирањето.

Според деканот, проф. д-р Оливер Бакрески, проблемот произлегува од тоа што студенти со тригодишни стручни студии биле запишувани на повисоки циклуси спротивно на законските одредби, кои предвидуваат тоа да е возможно само со академски студии.

Како што беше наведено, прв ваков упис бил извршен во 2019 година, а досега осум лица магистрирале, додека ниту еден студент не докторирал во вакви услови. Од Инспекторатот сè уште не е донесена конечна одлука за важноста на дипломите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library3lkuf0r6iacm9m9jZuI

Новинарот Адеми ги отфрла критиките: „Не користев агресивен тон“

Коментари | пред 4 седмици

— реклама —
media-libraryshcv35u6jqmdbvJktGX

Заврши темелната реконструкција на Регионалниот центар за стручно – образование и обука „Моша Пијаде“ во Тетово

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryj3l2ctftfami3Ayq28A

„Професорот е суспендиран, Државниот просветен инспекторат постапува“, вели Јаневска за професорот кој сексуално вознемируваше ученичка

Македонија | пред 1 месец

media-library9lks8svicve9cF4K6u9

(Видео) Ќе се врати ли Никола Груевски идниот февруари?

Студио | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања