Јаневска: Надлежните институции ќе одлучат за случајот со Филозофскиот факултет
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изрази надеж дека случајот со упис на магистерски и докторски студии на Филолошкиот факултет без исполнети услови е изолиран и дека не станува збор за системски проблем, изјави таа при увид во градежни активности во Основното училиште „Крум Тошев“ во село Трубарево.Таа посочи дека ситуацијата е комплексна и дека Министерството не е надлежно да одлучува за евентуална одговорност на кадарот, туку тоа е во надлежност на други институции, кои треба да ја утврдат фактичката состојба и да постапат согласно закон.Јаневска нагласи дека постапките се во тек и дека се очекуваат официјални извештаи, по што ќе се донесе конечно решение за случајот, стои во нејзината изјава.Во однос на прашањето за дипломите, таа посочи дека доколку се поништи уписот, ќе следи и поништување на дипломите, но додаде дека конечните одлуки ќе зависат од надлежните институции и од извештаите што се очекуваат.Раководството на Филозофскиот факултет при УКИМ претходно соопшти дека на седум студенти на магистерски и четворица на докторски студии им се поништува уписот и статусот на студенти, по утврдени неправилности од Државниот просветен инспекторат, кој наложил прекин на студирањето.Според деканот, проф. д-р Оливер Бакрески, проблемот произлегува од тоа што студенти со тригодишни стручни студии биле запишувани на повисоки циклуси спротивно на законските одредби, кои предвидуваат тоа да е возможно само со академски студии.Како што беше наведено, прв ваков упис бил извршен во 2019 година, а досега осум лица магистрирале, додека ниту еден студент не докторирал во вакви услови. Од Инспекторатот сè уште не е донесена конечна одлука за важноста на дипломите.
Македонија | пред 15 часа