Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Јапонија воведува нови забрани за туристите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Магазин
99143_tokyoerrorediprezzovolo

Еден од најпопуларните туристички области во Токио, Шибуја, сака да го забрани консумирањето алкохол на улиците и на јавни места, секој ден од 18 часот до 5 часот наутро.

— реклама —

Оваа мерка треба да стапи на сила во октомври. Сето тоа, се чини, се должи на проблемите што ги предизвикува прекумерниот туризам.

— реклама —

Јапонија се бори со прекумерен туризам по пандемијата. Повеќе од три милиони туристи ја посетиле само во април и мај годинава, а овој тренд најверојатно ќе продолжи и во текот на летото. Затоа, Јапонците се надеваат, оваа мерка ќе вроди со плод и ќе им донесе малку мир.

— реклама —

„Штетата предизвикана од прекумерниот туризам стана сериозна, од материјална штета предизвикана од пиење на улица до тепачки со локалното население и фрлање големи количини празни лименки и шишиња“, се вели во соопштението на градот во октомври минатата година, според Си-Ен-Ен.

Оваа вест не е изненадување за локалното население. Имено, дури минатата есен во овој округ беа забранети сите активности поврзани со Ноќта на вештерките, а како главна причина за забраната беше наведен алкохолот. Ова вклучуваше забрана за пиење алкохол надвор од барови и ресторани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryfmur0gqpghhr4H4P3YA

Јапонија воведува кризен министер, Јужна Кореја размислува за ограничување на возење

Свет | пред 11 час

poplavi-japonija

Земјотрес од 5,1 степени ја стресе Јапонија: епицентарот во морето кај Рјукју, без тревога за цунами

Свет | пред 1 ден

83dd0774-a533-4b94-abad-6dc627653ed3-1

Јапонија размислува за воена мисија во Ормутскиот Теснец – но само по прекин на огнот

Свет | пред 1 седмица

media-library6qmvh4b2mk857CeoDBO

Јапонија вложува 36 милијарди долари во американски проекти за нафта, гас и минерали

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања