Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Јавнообвинителската служба на колена – синдикатот бара повисоки плати: Службата на работ на колапс, бараме итно донесување на Законот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-39-9960PM

Синдикалната организација на јавни обвинителства при Синдикатот на УПОЗ предупредува дека јавнообвинителската служба се наоѓа на работ на целосен колапс поради континуираното заминување на кадар, кое е резултат на, како што велат, постојано потценување и невреднување на трудот на службениците.

„Единствена светла точка ја гледавме во донесувањето на Законот за јавнообвинителска служба. Работната група подготви предлог кој ги адресираше сите реални проблеми – услови за работа, дежурства, надоместоци, дневници и најважно, систем на плати и коефициенти. Но, верзијата објавена на ЕНЕР не ги содржи овие решенија и повторно ги остава службениците без одговор на суштинските проблеми“, стои во соопштението.

— реклама —

Од Синдикатот потсетуваат дека токму поради овие нерешени прашања во 2023 година организирале штрајк кој траел три месеци, но институциите тогаш немале слух за барањата.

„Јавнообвинителската служба денес функционира со само една четвртина од потребниот број вработени. Ниту еден службеник не зема плата на ниво на просечната плата во државата, а додатоците за дежурства, вонредна работа и надоместоци иако постојат во законот, не се исплаќаат“, додаваат од таму.

— реклама —

Организацијата поставува три клучни барања:

  • задолжително учество во преговорите за законот како единствени претставници на службата,

  • прифаќање на предлог-законот подготвен од работната група,

  • зголемување на платите и уредување на сите елементи на работниот однос.

Синдикатот апелира Законот за јавнообвинителска служба да се донесе веднаш по локалните избори во својата првична форма, со итна подготовка на подзаконски акти и отстранување на бариерите за кадровско зајакнување.

„Остануваме отворени за соработка со сите надлежни институции, единствено во интерес на граѓаните и на квалитетна и навремена услуга“, порачуваат од Синдикалната организација на јавните обвинителства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-39-2680PM

Вишото јавно обвинителство остана без шеф, никој не доби потребна поддршка

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-librarydpqi2912p5fn4XnUYXr

Парите од измамите за лажни сообраќајки завршувале во Бугарија, приведени четири лица

Македонија | пред 1 месец

media-librarynrr78uj11n3e5s1L3vA

Наместо прометот да го стави во сеф, си го земал за себе: Менаџер од Чаир присвоил речиси 2,8 милиони денари

Македонија | пред 2 месеци

media-library3evk0esuong61cpIaAX

За омраза и отпор ќе одговараат дел од демонстрантите по протестите за одземените возила, вели Обвинителство

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања