Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Јон Фрчкоски со детали за 51 тендер: „16 милиони евра за омилена фирма на ВМРО“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryd6355q6sb3la6Nqk6pI

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска изнесе обвинувања за, како што тврдат, серија сомнителни јавни набавки во општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ, при што една иста компанија во изминатите години добила значителен број тендери.

На прес-конференција, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, соопшти дека станува збор за фирмата „Пирамид билдинг солушнс“, која, според податоците што ги презентираше партијата, од 2022 година наваму добила вкупно 51 тендер во општини управувани од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. Вкупната вредност на овие договори, според СДСМ, изнесува околу 16 милиони евра.

— реклама —

Како што беше наведено, најголем дел од тендерите се реализирани во Општина Аеродром, каде што фирмата наводно добила 22 договори, како и во Гази Баба со 10 тендери. Дополнителни јавни набавки, според изнесените информации, биле склучени и во Ѓорче Петров, Прилеп, Битола, Гевгелија и други општини каде локалната власт е под контрола на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ тврдат дека дел од овие тендери биле финансирани и со средства од унгарскиот кредит, додавајќи дека на тој начин јавни пари завршувале кај фирми блиски до власта, додека обврските за отплата паѓале врз граѓаните.

— реклама —

Како конкретен пример беше посочен договор склучен во декември 2025 година со Град Скопје, вреден околу 320 илјади евра, за кој од СДСМ наведуваат дека бил доделен веднаш по преземањето на градоначалничката функција од Орце Ѓорѓиевски.

Фрчкоски изјави и дека преку дигиталната платформа МИЦКО.мк до Антикорупцискиот тим на СДСМ биле доставени информации од свиркачи, според кои брачни партнери на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ наводно биле ангажирани од оваа компанија преку договори за дело. Тој нагласи дека овие наводи сè уште се предмет на проверка и дека дополнителни детали ќе бидат објавени откако ќе заврши внатрешната анализа.

Од СДСМ побараа реакција од Јавното обвинителство, Финансиската полиција и Државната комисија за спречување на корупцијата, оценувајќи дека институциите досега не постапиле по претходно објавени случаи со слични обвинувања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

vlada-2024-mickoski

СДСМ со закон: Двојно државјанство да не можат да имаат ниту министри, ниту вицепремиери – од моментов!

Македонија | пред 55 минути

— реклама —
media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

СДСМ: Не се создадени услови за укинување на техничката влада и мора да остане

Македонија | пред 1 час

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 19 часа

media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања