Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Јон Фрчкоски во фокусот на нападите: ВМРО-ДПМНЕ тврди дека „новото“ раководство на СДСМ е блиско до Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarymks5irmi1p0ecPi4DeP

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираше на составот на Извршниот одбор на Социјалдемократски сојуз на Македонија, оценувајќи дека најавените промени во партијата се, како што наведуваат, само формални и дека зад нив стојат луѓе блиски до поранешниот партиски лидер Зоран Заев.

Во реакцијата, ВМРО-ДПМНЕ посебно го посочува изборот на Јон Фрчкоски за член на Извршниот одбор, наведувајќи дека неговото присуство во партиското раководство е доказ дека, според нив, СДСМ не се дистанцира од контроверзни кадри.

— реклама —

Од партијата наведуваат дека Фрчкоски и претходно бил предмет на јавни контроверзии, по објавени фотографии и тврдења за негово однесување додека бил на функција директор на Центарот за аналитика на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека за овие наводи немало јасна реакција или оградување од страна на актуелниот претседател на СДСМ, Венко Филипче.

Како аргумент, од ВМРО-ДПМНЕ се повикуваат и на изјава на самиот Фрчкоски од минатата недела, во која тој навел дека неговата оставка никогаш не била разгледана од партиските органи.

— реклама —

Во реакцијата се поставуваат и прашања за одговорноста и критериумите во СДСМ, со оценка дека дел од кадрите кои се претставуваат како „нови“ се, според нив, одамна компромитирани во јавноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2dm69fmklhc560F8vVx

Филипче:Здравјето на граѓаните на Крива Паланка мора да биде приоритет, а не бизнисите на донаторите на ВМРО

Македонија | пред 40 минути

— реклама —
media-libraryil7tasdiq4565MuomkL

Филипче: Власта да се откаже од укинување техничка Влада или СДСМ ќе се повлече од работата за Изборниот закон

Македонија | пред 1 час

media-libraryovu8bgneal1r3LXwt6I

Филипче: Власта да се откаже од укинување техничка Влада или СДСМ ќе се повлече од работата за Изборниот закон

Македонија | пред 1 час

media-librarypmuc4rg3to8mcHpc499

„Нова бомба: Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ОКГ“ , вели Кузеска

Македонија | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања