Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЈСП има 341 автобус, а исправни се 185: катастрофална е состојбата, има и драматичен пад на патници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
avtobus-jsp-2

Анализата на Центар за граѓански комуникации за капацитетите на јавниот автобуски превоз во Скопје укажува на сериозно влошување на состојбата во ЈСП Скопје, со намален број автобуси, зголемена просечна старост на возилата и значителен пад на бројот на патници.

— реклама —

Според податоците од анализата, од вкупно 341 автобус со кои располага претпријатието, дневно исправни се 185, а во сообраќај се пуштаат 157 возила. Во споредба со 2015 година, кога ЈСП имало 430 автобуси, денес располага со 89 автобуси помалку. Бројот на дневно исправни автобуси е намален од 316 на 185, што претставува пад од околу 40 проценти.

— реклама —

Просечната старост на автобусите достигнала 13,3 години и е во пораст од 2021 година наваму. Поголемиот дел од возниот парк го сочинуваат 210 автобуси од марката „Јутонг“ и 64 од марката „ЛАЗ“, што претставува над 80 проценти од вкупната флота. Само мал дел од автобусите ги исполнуваат највисоките еколошки стандарди, додека останатите се со пониски категории, што отвора прашања и за еколошкиот аспект на превозот.

— реклама —

Анализата бележи и драматичен пад на бројот на патници. За десет години, ЈСП изгубило околу 30 милиони патници годишно – од над 50 милиони во 2015 година на околу 22 милиони во 2025 година. Иако дел од намалувањето се поврзува со пандемијата, трендот продолжува и по нејзиното завршување, што укажува на подлабоки системски проблеми.

Во финансиска смисла, претпријатието остварува просечни годишни приходи од околу 29 милиони евра. Приближно половина од приходите доаѓаат од продажба на билети, а значителен дел од субвенции за бесплатен превоз и покривање на трошоците во работењето. Иако за 2024 година е прикажана добивка, анализата укажува дека реалниот финансиски резултат би бил значително понизок доколку биле евидентирани сите обврски кон приватните превозници.

Заклучокот на Центарот за граѓански комуникации е дека капацитетите на ЈСП се во континуиран пад, што директно влијае врз квалитетот на услугата и довербата на граѓаните во јавниот превоз, додека одржливоста на системот сè повеќе зависи од буџетска поддршка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

jsp

За Рамазан Бајрам јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред

Скопје | пред 1 седмица

media-librarynm6fihfidd9k8fw2jaK

ЈСП демантира: Автобуската линија број 35 воопшто не е укината ниту променета

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryhdkqaucppa56dbTy3Cv

Мисајлески демантира: Автобуската линија со број 35 не е укината

Скопје | пред 2 седмици

jsp

Распишан тендер за 150 електрични автобуси, 100 за Скопје, од кои 30 да се испорачаат до септември

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања