Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Јулија Навалнa за Путин: „Тој не е легитимен претседател, не се важни изборните резултати“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
2fb923ed-e83d-4f46-a2d8-6fe85fdca4b8

Јулија Навални, вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, денеска изјави дека Владимир Путин не е легитимен претседател на Русија, додавајќи дека ќе се обиде да ги убеди светските лидери да не преговараат со него.

Во видеото објавено на социјалните мрежи, таа го пофали учеството на, како што рече, илјадници луѓе низ Русија и во странство за време на протестите на денот на изборите, пренесува Ројтерс.

— реклама —

„Ние си докажавме себеси и на другите дека Путин не е наш претседател“, рече Навалња. Таа додаде дека „изборните резултати не се важни“.

„Ќе обезбедиме никој во светот да не го признае Путин како легитимен претседател. За никој да не седне со него на преговарачка маса“, рече Наваљна.

— реклама —

Владимир Путин освои 87,28 отсто од гласовите на претседателските избори одржани од 15 до 17 март, покажуваат прелиминарните податоци што ги објави руската Централна изборна комисија врз основа на 100 отсто обработени гласачки ливчиња.

Сопругот на Навални, Алексеј Навални, почина на 16 февруари во затвор во Русија, по што руските власти објавија дека лидерот на опозицијата починал од природна смрт. Навални го обвини рускиот претседател Владимир Путин за убиство на нејзиниот сопруг, но Кремљ ги отфрли обвинувањата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-02-26-at-22.50.06

Москва возвраќа: Западот манипулира со смртта на Навални

Свет | пред 2 месеци

— реклама —
media-library08fm70coif6f6WywHwR

Рубио: Извештајот за труењето на Навални е вознемирувачки, немаме причина да го оспориме

Свет | пред 2 месеци

navalni

Европски земји тврдат: Алексеј Навални бил отруен со токсин од отровни еквадорски жаби

Свет | пред 2 месеци

2fb923ed-e83d-4f46-a2d8-6fe85fdca4b8

Јулија Навални се огласи откако Москва издаде налог по неа: Путин припаѓа во истата ќелија каде го уби Алексеј

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања