Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Јулија Навални се огласи откако Москва издаде налог по неа: Путин припаѓа во истата ќелија каде го уби Алексеј

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
2fb923ed-e83d-4f46-a2d8-6fe85fdca4b8

Судот во Москва издаде налог за апсење на Јулија Навални, вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, под обвинение за екстремизам. Таа рече дека рускиот претседател Владимир Путин припаѓа во истата затворска ќелија „во која го уби Алексеј“.

Обвиненијата покренати против Јулија Навални, која живее надвор од Русија, во отсуство се однесуваат на нејзиното наводно „учество во екстремистичко општество“, објави новинската агенција Тасс, а пренесе Би-би-си.

— реклама —

Навални беше најважниот руски опозициски лидер во изминатата деценија. Тој почина во февруари во затворот на Арктичкиот круг. Руските власти соопштија дека тој починал од природна смрт, но неговата вдовица рече дека Навални бил „мачен, изгладнет и убиен“ од рускиот претседател Владимир Путин.

Навални одлежа 19 години под обвинение за екстремизам, кои се сметаа за политички мотивирани.

— реклама —

Одговарајќи на налогот за апсење против неа, Јулија Навални објави на социјалната мрежа Х: „Кога пишувате за ова, не заборавајте да го напишете главното: Владимир Путин е убиец и воен злосторник“.

„Неговото место е во затвор, не некаде во Хаг, во удобна ќелија со телевизор, туку во Русија - во истата ќелија каде што го уби Алексеј“, рече таа.

Московскиот суд донесе одлука Навални, која вети дека ќе ја продолжи работата на нејзиниот сопруг, да биде приведена и да биде распишана потерница по неа.

Одлуката значи дека ќе се соочи со апсење доколку стапне во Русија.

Обвиненијата би можеле да се поврзат со пресудата од јуни 2021 година на московскиот суд со која се забрануваат три организации поврзани со Навални, нарекувајќи ги „екстремисти“. Поради ова, Наваљна не можела да присуствува на погребот на нејзиниот сопруг во март.

Оттогаш, таа се сретна со бројни западни лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател Џозеф Бајден.

Овој месец таа беше избрана за претседател на Фондацијата за човекови права со седиште во САД, непрофитна организација која работи на промовирање и заштита на човековите права ширум светот. Таа рече дека ќе ја искористи својата улога за да ја интензивира борбата на нејзиниот сопруг против Путин.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин нуди помош на Иран за постигнување мир на Блискиот Исток

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0j96olh9324mbhRLlbi

Кремљ: Путин „подготвен да помогне“ за смирување на судирот со Иран, додека војната која ја почнаа во Украина влегува во петта година

Свет | пред 2 седмици

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин нуди безбедни рути за меѓународна трговија

Свет | пред 3 седмици

h_57503169

Путин: Русија не ја исклучува можноста за подобрување на односите со европските држави

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања