Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Каде биле извршени непотребните операции на срце и кој е одговорен? СДСМ за скандалот во здравството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library1fauttldgpqs3R34WIw

СДСМ реагира со остар став по обелоденувањето на податоците дека 10 пациенти биле подложени на операции на срце без медицинска потреба. Од партијата велат дека скандалот е крајно загрижувачки и бараат итна и целосна транспарентност — вклучително и објавување на тоа во кои клиники и од кои лекари биле направени спорните интервенции.

— реклама —

Од СДСМ потсетуваат дека министерот за здравство Азир Алиу веќе утврдил дека станува збор за десет случаи на непотребни операции или непотребно упатување на операции, но сè уште не објавил кои здравствени установи и кои доктори се одговорни за ваквите постапки. Според партијата, тоа е „апсолутно недозволиво“.

— реклама —

Тие оценуваат дека објаснувањето на министерот — дека имињата нема да се откриваат затоа што извештајот не е конечен — отвора простор за манипулација со факти, како и за промена на наодите под притисок. Во реакцијата се поставува прашањето дали министерот намерно одложува соопштување за да може да „преговара или разговара“ со оние што ги извршиле интервенциите.

— реклама —

СДСМ предупредува дека е нелогично истовремено да се тврди оти е докажано дека операциите биле непотребни, а извештајот да се означува како „прелиминарен“. Ако наодите се веќе утврдени, велат од партијата, нема ниту една причина тие да не бидат објавени — додека истрагата може да продолжи понатаму.

Во писмената реакција се оценува дека однесувањето на Алиу е „крајно несериозно“ и дека создава сомнеж дека нешто се прикрива, што дополнително ја нарушува довербата во здравството и ги става здравствените работници под неоправдан притисок.

СДСМ бара итно објавување на досегашниот извештај на комисијата, како и прецизно објавување на:

  • клиниките каде се извршени спорните операции,

  • сите поединечно инволвирани во донесување одлука за операција на пациентите,

  • наодите за секој случај за кој, според министерот, е веќе утврдено дека не требало да биде опериран.

Партијата смета дека секое понатамошно одложување ќе создаде сомнеж дека се врши манипулација со конечната верзија на извештајот, со што неоправдано се етикетира целиот здравствен систем, наместо да се лоцира индивидуалната одговорност.

Реакцијата е потпишана од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 13 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 17 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања