Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Како би изгледало кога Новак Ѓоковиќ и Никола Јокиќ би играле тенис или кошарка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
novak-dzokovic-4

Српската кошаркарска репрезентација важи за главен фаворит на претстојното Европско првенство, а според Новак Ѓоковиќ, тоа е и заслужен статус поради силниот состав кој по повеќе од две децении може да донесе злато на едно големо натпреварување.

Најдобриот тенисер во светот пред неколку дена испрати поддршка за избраниците на тренерот Светислав Пешиќ, а сега повторно зборуваше за Евробаскетот, но и за една интересна идеја со Никола Јокиќ.

— реклама —

„Не знам како би изгледало тоа, да бидам искрен. Го повикувам Никола кога сака, не знам колку сака и следи тенис, но би сакал со него да одиграм. Како и кошарка, секако“, изјави Ѓоковиќ.

Тој додаде дека притисокот врз репрезентацијата на Србија е нешто сосема нормално и природно во вакви околности.

— реклама —

„Тоа е составен дел од очекувањата пред едно големо натпреварување кога имаме толку силна екипа. Во мојот спорт сум во таква позиција скоро дваесет години, луѓето секогаш очекуваат да освојувам. Но, на крајот на краиштата, притисокот е привилегија, како што вели Били Џин Кинг. За тоа се бориш, за тоа сонуваш, треба да се собере храброст и да се игра најдобро кога е најпотребно. Овие момци тоа многупати го покажаа во минатото, сите се шампиони, почнувајќи од лидерот и капитенот Богдан Богдановиќ“, изјави Ѓоковиќ.

Србија го започнува Европското првенство на 27 август со натпревар против Естонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2ro9vqk25vo01oQmliL

Вучиќ и фон дер Лајен разговараа за европскиот пат на Србија

Свет | пред 10 часа

— реклама —
media-library4pds9h0ctsn8cPwbI1B

(Видео) Опозициски критики кон претседателот Вучиќ за односот со Русија

Свет | пред 15 часа

media-libraryomve0170hsuh7Rurym6

Уапсен 20-годишник, осомничен за учество во војната во Украина

Балкан | пред 16 часа

media-libraryo3atpber2kltbOhFQP9

Малолетник фрлил бомба во Крагуевац за 1.000 евра

Свет | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања