Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Камала Харис: Бајден ме вознемири со повик пред дебатата со Трамп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
kamala-haris

Камала Харис открива во своите мемоари „107 дена“ дека била „лутa и разочарана“ кога тогашниот претседател Џо Бајден ја повикал само неколку часа пред нејзината претседателска дебата со Доналд Трамп за да ѝ пренесе дека група моќници блиски до неговиот брат одбиваат да ја поддржат.

— реклама —

Харис пишува дека во септември, додека била во хотелска соба во Филаделфија и се подготвувала за една од најважните дебати во кампањата, Бајден ја побарал телефонски за да ѝ посака среќа, но и да ја праша дали ќе се врати во градот пред изборите.

— реклама —

„Се прашував зошто воопшто ми поставува такво нелогично прашање,“ наведува Харис.

— реклама —

Според неа, Бајден ѝ кажал дека неговиот брат разговарал со група влијателни луѓе во Филаделфија и дека тие нема да ја поддржат бидејќи, како што тврделе, таа говорела лошо за него. Харис му рекла на Бајден да ги поврзе директно со неа, но разговорот продолжил со негови размислувања за сопствените настапи во претходните дебати со Трамп.

„Таа вечер требаше да бидам на врвот на моите способности,“ пишува Харис, додавајќи дека наместо да се концентрира, морала да слуша како Бајден се правда за својот „катастрофален настап“ од три месеци претходно.

Таа се присетува дека по разговорот била видно вознемирена, а нејзиниот сопруг, Даг Емхоф, ѝ рекол:

„Остави го тоа, имаш работа со Трамп.“

Иако за време на кампањата и по неа избегнувала да го критикува претседателот со кој служеше и дури го бранеше кога се отвораа прашања за неговата ментална кондиција, во мемоарите Харис признава дека била загрижена. „Гласот повеќе не му беше силен, а паузите во говорот беа сѐ почести,“ пишува таа, опишувајќи ја својата недоумица за неговата способност да ја води кампањата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

(Видео) Трамп: Никој во историјата не заслужува Нобелова награда за мир повеќе од мене

Свет | пред 11 час

media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп: Ако некоја земја сака да испрати нафта во Куба, немам проблем со тоа

Свет | пред 12 часа

media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Војната со Иран ја открива слабоста на непредвидливата стратегија на Трамп

Свет | пред 2 дена

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Низ САД се планираат масовни протести против Трамп

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања