Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Каранфилова Пановска: Далибор Трајковски е гаранција дека Старо Нагоричане ќе продолжи со развој и грижа за секој граѓанин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryevhcjrd7h6ns19uYsso

Заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска од граѓанската средба „Се бориме за нашиот дом“ во Старо Нагоричане истакна дека од 2017 до денес Старо Нагоричане, раководено од СДСМ е симбол на одговорно, чесно и домаќинско управување.

„Нашиот кандидат за Градоначалник, Далибор Трајковски и тимот околу него, заедно со советничката листа предводена од Иван Марковиќ, се наследници на тој дух на работа, чесност и посветеност. Тие се гаранција дека овој пат ќе продолжи – со нова енергија, со идеи и со истата грижа за секој граѓанин“, нагласи Каранфилова Пановска.

— реклама —

Таа ги повика граѓаните на 19-ти октовмри, да гласаат за бројот 5, за Далибор, за Иван, за Старо Нагоричане, за иднина на Македонија со СДСМ и Коалицијата.

„Затоа што ова не се само избори за општина – ова е избор за тоа каква држава ќе бидеме. Изборот е меѓу лаги и чесност, меѓу режим и слобода“, порача Каранфилова Пановска.

— реклама —

Во своето обраќање пред граѓаните на Старо Нагоричане, Каранфилова-Пановска се осврна на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и неговите послушници на централно ниво.

„Пред година и пол, граѓаните го очекуваа ветениот подобар живот, а добија раскалашена влада што живее во луксуз, далеку од народот.  Пензионерите ги оштетија со формули и помпезни ветувања. Работниците ги оставија без покачувања на платите, земјоделците без субвенции. Сметките растат, цените дивеат, младите си заминуваат. Ја задолжија државата како никогаш досега, унгарски кредит, британско партнерство, 7 милијарди евра. За граѓаните нема ништо, ама граѓаните ќе мора да враќаат нивните бескорисни кредити“, нагласи Каранфилова Пановска на граѓаниот собир во Старо Нагоричане.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2dm69fmklhc560F8vVx

Филипче:Здравјето на граѓаните на Крива Паланка мора да биде приоритет, а не бизнисите на донаторите на ВМРО

Македонија | пред 59 минути

— реклама —
media-libraryil7tasdiq4565MuomkL

Филипче: Власта да се откаже од укинување техничка Влада или СДСМ ќе се повлече од работата за Изборниот закон

Македонија | пред 1 час

media-libraryovu8bgneal1r3LXwt6I

Филипче: Власта да се откаже од укинување техничка Влада или СДСМ ќе се повлече од работата за Изборниот закон

Македонија | пред 2 часа

media-librarypmuc4rg3to8mcHpc499

„Нова бомба: Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ОКГ“ , вели Кузеска

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања