Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Кедев: Стојам зад сè што кажав – непотребни стентирања ја уништуваат довербата во здравството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryn91c8325mv4q3tPvcer

Кардиологот Сашко Кедев останува на ставот дека во македонското здравство постојат злоупотреби со непотребни кардиохируршки интервенции и стентирања. Како што истакна во синоќешното гостување на ТВ Алфа, неговата цел е системот да расчисти со неправилностите и да воведе контрола.

„Стојам зад сè што кажав. Овој пат јавноста реагира силно, а тоа е исправно. Станува збор за проблеми што ги отварам со години, но досега не наидував на поддршка,“ рече Кедев, нагласувајќи дека сега има позитивна реакција и од институциите и од колегите.

— реклама —

Министерството за здравство веќе формира комисија од домашни и странски експерти, како и Лекарската комора, за да ги анализира доставените случаи. Кедев објасни дека доказите се собрани заеднички од 16 лекари – кардиолози и кардиохирурзи – и оти постојат категории на пациенти кај кои сигурно не треба да се прави хируршка интервенција, а тоа може да се докаже со медицинската документација и ангиографските снимки.

„Во медицината постои ‘сива зона’, каде може да се направи интервенција, но и да не се направи. Но има и јасни ситуации каде доказите покажуваат дека не треба ништо да се прави. Нашата обврска е пациентот да добие најсоодветен третман – понекогаш тоа е конзервативна терапија и промена на животен стил,“ додаде тој.

— реклама —

Кедев оцени дека здравствениот систем моментално располага со најголем буџет досега, но без видливи бенефити за граѓаните. „Вистинското вложување е во контрола и подобрување на квалитетот на услугите. Ако оваа истрага биде почетна точка за тоа, тогаш сме на добар пат,“ рече тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylv64ebf2eiim5eNudTk

Пациентите со ретки болести непречено и во континуитет ја примаат потребната терапија, велат од Министерство за здравство

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryvoheqra0v5398mITesD

Донирани органи спасија два животи: Направени трансплантации на црн дроб и бубрег во Скопје

Македонија | пред 3 дена

media-libraryfgj2o9rdavjg8Sog3xC

Откриен нов генетски синдром што може да објасни илјадници случаи кај деца

Магазин | пред 2 седмици

media-libraryev4ngjq9pvm99r65Cc4

Фондот за здравство отвори постапка за нов директор

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања