Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Ким Јонг Ун се закани: „Ќе платат немилосрдна цена“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Свет
2212721_w-55023928-kim-dzongun_ls

Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, изјави денеска на седница на националниот парламент дека земјата никогаш нема да се откаже од својот статус на нуклеарна сила.

„Владата ќе продолжи постојано да го зајакнува статусот на нуклеарна држава како апсолутно неповратен и ќе покрене офанзива против силите што ни се спротивставуваат за да ги скрши сите нивни провокативни акции“, предупреди тој.

— реклама —

Како што пренесе државната агенција KCNA, севернокорејскиот лидер најавил и нов петгодишен економски план, паралелно со проширување на нуклеарниот одбранбен капацитет.

Во своето обраќање, Ким официјално ја прогласи Јужна Кореја за непријателска држава.

— реклама —

„Особено Јужна Кореја ќе ја сметаме за најнепријателска држава и целосно ќе ја отфрлиме и игнорираме со најјасни зборови и дела“, нагласи тој.

Според него, секое евентуално мешање на Сеул во внатрешните работи на Северна Кореја ќе биде проследено со „немилосрдна одмазда“.

„За какви било дејствија на Јужна Кореја што влијаат врз нашата република, ќе ја натераме да плати немилосрдна цена, без никакво разгледување и без двоумење“, порача Ким.

На парламентарната седница беа усвоени и измени на Уставот, а на делегатите им била прочитана и порака од претседателот на Русија, Владимир Путин, кој изразил подготвеност за продлабочување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kimjong-unnn

Ким Јонг-ун со солзи за загинатите севернокорејски војници во Русија

Свет | пред 9 месеци

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања