Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кина бара итен прекин на војната по нападите врз Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-library6j7t3sc8svc5dYGbfeE

Кина се спротивставува на воените напади што ги започнаа Израел и САД против Иран и бара итен прекин на непријателствата, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во разговор со израелскиот колега Гидеон Саар, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

— реклама —

„Силата не може навистина да ги реши проблемите; напротив, често создава нови и остава сериозни долгорочни последици. Вистинската вредност на воената моќ не лежи на бојното поле, туку во спречувањето на војната“, го цитира министерството Ванг во телефонскиот разговор со Саар.

— реклама —

Ванг нагласил дека Кина верува во решавање на меѓународните и регионалните прашања преку дијалог и преговори и дека ќе продолжи да игра конструктивна улога во смирувањето на ситуацијата.

— реклама —

Разговорот следува по серијата телефонски контакти што Ванг ги остварил со министрите за надворешни работи на Иран, Оман и Франција, при што повикал земјите од Заливот да се обединат против, како што навел, надворешното мешање.

Во неделата, кинескиот министер разговарал и со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Од почетокот на американско-израелските напади, Ванг не разговарал со американскиот државен секретар Марко Рубио.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Претседателот на Египет до Трамп: „Ве молам, запрете ја војната“

Свет | пред 7 часа

media-libraryoilhi33moenp3cStO1e

Стармер: Британија нема да испрати војници во Иран

Свет | пред 7 часа

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио со жестока порака до Иран: „Ова нема да се дозволи“

Македонија | пред 7 часа

media-libraryu2851kdd8n807FhzUcJ

Иран потврди смрт на важен командант

Свет | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања