Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кина: Самитот на НАТО е полн со воинствена реторика, провокации и лаги

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
kina

Самитот на НАТО е полн со „воинствена реторика“, а изјавите за Кина се полни со „провокации и лаги“, соопшти кинеската мисија во Европската унија.

— реклама —

„Декларацијата на самитот на НАТО во Вашингтон е полна со менталитет од Студената војна и воинствена реторика, а содржината поврзана со Кина е полна со провокации, лаги, поттикнувања и клевети“, изјави портпаролот на кинеската мисија во Европската унија, според до Ројтерс.

— реклама —

Генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Јенс Столтенберг, вчера изјави дека „Кина игра клучна улога во нелегалната војна на Русија против Украина“, дека обезбедува опрема за двојна употреба, микроелектроника и многу други алатки кои и овозможуваат на Русија да произведува проектили, бомби, авиони, оружје што го користат во нападите на Украина.

— реклама —

Кинескиот портпарол истакна дека основната позиција на Кина за прашањето за Украина е промовирање на мировните преговори и политичко решение, затоа, како што е наведено, пред повеќе од една година, таа презентираше документ од 12 точки во кој се поставени општите принципи за ставање крај на војна. Како што пренесува Ројтерс, Кина постојано го критикуваше НАТО и предупредуваше на неговото проширување во азиско-пацифичкиот регион.

Лидерите на Јапонија, Јужна Кореја, Нов Зеланд и Австралија, кои присуствуваа на самитот, воспоставија посилни врски со безбедносната алијанса поради зголемената загриженост за проширувањето на Кина во Јужното Кинеско Море.

„Ние сме силно против влезот на НАТО во азиско-пацифичкиот регион, бидејќи тоа ќе поттикне конфронтација и ривалство и ќе ги поткопа просперитетот и стабилноста во овој регион“, изјави вчера портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

si-dziping2

Кина иницира дијалог со Тајван преку опозицискиот лидер

Свет | пред 14 часа

media-library2bbm4cohp8b1aZLfl9L

Кина го мапира морското дно низ океаните, Западот алармира за можни воени цели

Свет | пред 6 дена

media-libraryq49lfro4nh9s1lClGDt

Кинескиот извоз силно расте и покрај царините на Трамп

Свет | пред 2 седмици

media-libraryhg4shmchcr896Bd60Pk

Кина повика на итен прекин на американско-израелските операции во Иран

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања