Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ќе има ли надзорна расправа за трагедијата во „Пулс“? Утре почнува големото судење за жртвите во кочанската дискотека

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
kocani-puls-protest-4

Утре во 09:30 часот, во судницата во КПУ Идризово, под засилени безбедносни мерки и со дежурна медицинска екипа, започнува судскиот процес за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На обвинителна позиција ќе се најдат 35 лица и три правни субјекти, меѓу кои се поранешни функционери, инспектори, сопственици на објекти, лица од обезбедување и административци.

— реклама —

Обвинението опфаќа тешки кривични дела поврзани со создавање општа опасност и сериозни организациски пропусти кои, според истрагата, директно придонеле до трагичниот исход. Рочиштата ќе се одржуваат двапати неделно, а предметот ќе го суди Диана Груевска – Илиевска.

— реклама —

Паралелно со стартот на судењето, во Собранието расте притисокот за политички надзор врз институциите по трагедијата во која на 16 март загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. По маршот на семејствата на жртвите во саботата, кои побараа одговорност и целосно политичко разгледување на случајот, се отворија две иницијативи за надзор.

— реклама —

Првата иницијатива доаѓа од Левица. Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Димитар Апасиев, најави дека следната недела ќе свика посебна седница на Комисијата, посветена на претставката на Здружението „16-ти Март“, во која родителите од Кочани наведуваат низа пропусти во институционалното постапување.

Апасиев најави дека на седницата ќе присуствуваат и претставници на родителите. Тој истакна дека Комисијата треба да утврди дали институциите реагирале соодветно пред, за време и по трагедијата.

Втора иницијатива ја подготвува СДСМ, кој денеска треба да вложи предлог за надзорна расправа и формирање анкетна комисија во Собранието. Лидерот на партијата, Венко Филипче, вчера ја потврди поддршката за барањата на семејствата на загинатите и ги повика сите пратеници да ја поддржат иницијативата.

Со овие најави, случајот „Пулс“ добива и правна и политичка димензија: додека судот го започнува еден од најголемите процеси од ваков вид, во Собранието се бара целосен парламентарен надзор над постапувањето на институциите поврзани со трагедијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryal1bf04gcr551aeZsrH

39-ти „Марш на ангелите“ во Кочани: Додека светот го поместува часовникот напред, за нас времето стои

Македонија | пред 4 дена

puls-12

Сведок на судењето за „Пулс“: Општината навремено реагирала и побарала да не се издаде лиценца за работа на објектот

Македонија | пред 5 дена

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Тројца нови сведоци за пожарот во Кочани - продолжува судењето за случајот „Пулс“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Повторно се одложува судењето против деветте полициски службеници обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања