Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кочани и утре ќе чекори за правда: Маршот на ангелите продолжува, повик испратен од родителите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library9l1acsq71kmc9M0eyV3

Родителите ги повикаа граѓаните да им се придружат на 29 ноември во Кочани, на 29. издание на „Маршот на ангелите“ во 14:05 часот од Паркот на револуцијата. Настанот е најавен како мирен собир „со љубов, со болка и со достоинство“ во чест на загинатите во трагедијата во „Пулс“, со порака дека зад секоја судска постапка стојат човечки животи и семејства кои сè уште чекаат вистинска правда. Тие нагласуваат дека Маршот не е протест, туку глас против неправдата и потсетник дека општеството мора да покаже совест.

— реклама —

Во меѓувреме, во Кривичниот суд во Идризово повторно беше одложено рочиштето за случајот „Пулс“. Дел од адвокатите на одбраната известија дека не го добиле интегрираното обвинение и не можат да се изјаснат за вината, ниту да ги изнесат воведните зборови. Неколку бранители предупредија дека обвинителниот акт содржи измени кои, според нив, директно влијаат врз правата на одбраната.

— реклама —

Оштетените лица едногласно се приклучија на кривичниот прогон и повторно побараа проширена истрага, со потенцијална одговорност и за институциите.

— реклама —

На рочиштето беа презентирани и нови информации за здравствените последици кај преживеаните. Иако првично не покажуваа видливи повреди, последните месеци неколкумина развиле потешкотии со дишење, хроничен замор и други сериозни симптоми кои лекарите ги поврзуваат со долготрајното изложување на чад и токсични материи за време на пожарот.

Трагедијата во „Пулс“, која однесе 63 животи и остави над 200 повредени, продолжува да ја оптоварува заедницата. Семејствата бараат јасна одговорност, долгорочна поддршка и реформи во безбедносните стандарди. Маршот на 29 ноември е нивниот начин да потсетат дека борбата за правда не престанува и дека довербата во институциите мора да се заслужи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryal1bf04gcr551aeZsrH

39-ти „Марш на ангелите“ во Кочани: Додека светот го поместува часовникот напред, за нас времето стои

Македонија | пред 4 дена

puls-12

Сведок на судењето за „Пулс“: Општината навремено реагирала и побарала да не се издаде лиценца за работа на објектот

Македонија | пред 5 дена

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Тројца нови сведоци за пожарот во Кочани - продолжува судењето за случајот „Пулс“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Повторно се одложува судењето против деветте полициски службеници обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања