Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кога нема одговор за скандалите – веднаш Заев и нова измислена афера, вели СДСМ за власта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
01102021_PVRSM_Zaev_MON_Carovska_obrakanje-za-novata-akademska-godina_9

СДСМ со реакција обвини дека, како што наведуваат, кога нема одговор за актуелните скандали, владејачката партија веднаш отвора нови, според нив, измислени афери и лажни вести со цел дефокус на јавноста.

— реклама —

Од партијата посочуваат дека повторното споменување на Зоран Заев, кој веќе пет години не е активен во политиката, претставува обид за пренасочување на вниманието од актуелните прашања. Според СДСМ, во јавниот дискурс се користи идентична реторика, со квалификации за „панична и хистерична реакција“, што, како што велат, укажува на недостаток на аргументи.

— реклама —

Во соопштението се наведува дека, кога нема одговор за наводите во странските медиуми во врска со мигрантите, се отвора нова афера, кога се поставува прашањето за состојбата во буџетот и тендерските постапки, се пласираат други теми, а истото се случува и во контекст на случаите поврзани со модуларната болница, канабис-индустријата и други актуелни настани.

— реклама —

СДСМ оценува дека во изминатите два месеца во јавноста биле пласирани повеќе различни наративи, кои според нив имаат за цел да создадат конфузија и да го прикријат одговорот на суштинските прашања поврзани со управувањето со државата.

Од партијата додаваат дека, како што наведуваат, вистината не може да се надмине со лаги и медиумски конструкции и порачаа дека правдата ќе победи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 11 час

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 15 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања