Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кога Спасовски бил министер, а Бојмацалиев шеф, имало пропусти при издавањето документи, констатираше контролата во МВР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2024-02-24-at-16.57.46

„Во однос на наводните пропусти во издавањето на готови лични документи за кои во изминатиот период во медиумите зборуваше дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев ја информирам јавноста дека од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по негово барање беа извршени проверки и за истите е изготвен извештај во кој е констатирана фактичката состојба, односно е утврдено е дека конкретниот пропуст е направен во време кога Бојмацалиев извршувал работни задачи на позиција шеф на кабинет на поранешниот министер за внатрешни работи“, информираше техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.

— реклама —

„Имено, проверките покажуваат дека пропустот кој се однесува на случај каде граѓанин кој се сликал на 16.12.2023г. два месеци не можел да ја подигне патната исправа, се случил на 05.01.2024г. кога предметната патна исправа била доставена во ОУР-Скопје и истата била ставена во редот со различна азбучна буква од буквата на носителот на иницијалите на наведеното лице, односно наместо во редот со азбучна буква “П“, истата била ставена во редот на азбучната буква “Р“, што било потврдено на 05.03.2024г. кога патната исправа конечно била пронајдена. Од тие причини, лицето два месеци не успеало да ја подигне патната исправа која била изработена во законски предвидениот рок.

— реклама —

Во оваа прилика сакам да апелирам процесот на издавање на лични документи да не се злоупотребува за политички цели и сите заеднички да придонесеме што поскоро да се надмине овој проблем бидејќи граѓаните заслужуваат да добијат квалитетен сервис од МВР и да можат во нормални услови да ги извадат своите лични документи“, додава Тошковски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања