Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кој дозволил одгледување марихуана на површина од 40 фудбалски стадиони?, прашува СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarycmmi2693vagt6MRRAbT
Илустрација / Скопје1

СДСМ обвини дека власта молчи за, како што го нарекува, „најголемиот нарко-скандал во регионот“, прашувајќи како пет тони дрога ја поминале македонската граница и кој ќе понесе одговорност. Од партијата посочуваат дека изминале 15 дена без конкретни одговори од институциите.

— реклама —

Во реакцијата се наведува дека премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, како и други функционери, не дале објаснување за случајот, туку, според СДСМ, се впуштиле во медиумска кампања со тврдења за наводно запленети 100 тони нелегално произведена марихуана.

— реклама —

СДСМ оценува дека доколку навистина станува збор за таква количина, тоа би значело дека институциите целосно потфрлиле. Според нив, за производство на 100 тони марихуана е потребна површина од над 30 хектари, што го споредуваат со повеќе од 40 фудбалски стадиони. Оттука прашуваат кој дозволил толкава површина да се користи за одгледување и зошто не биле извршени теренски контроли.

— реклама —

Од опозициската партија посочуваат дека Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за земјоделство и надлежните инспекциски служби, според нив, две години не презеле соодветни мерки. Дополнително, се поставуваат прашања за улогата на безбедносните служби и за тоа како толкава количина дрога била транспортирана, складирана и пакувана без да биде забележана.

СДСМ прашува и како пет тони дрога ја поминале границата покрај, како што наведуваат, илјадници камери од системот „Сејф сити“, скенери и контроли од полицијата и царината.

Од партијата порачуваат дека нема да дозволат случајот да биде заташкан и најавуваат дека ќе продолжат да бараат одговорност, оценувајќи дека одговорноста, како што велат, се наоѓа во врвот на власта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 12 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 16 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања