Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Колапс во ЕСМ – ова се резултатите од 'дрим-тимот' на Мицкоски и Божиновска во енергетиката, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
sanja-bozinovska

СДСМ ја обвини Владата и раководството на ЕСМ дека ја довеле најголемата енергетска компанија во државата до катастрофална состојба. Според партијата, ЕСМ за само три месеци во 2025 година направила загуба од 45 милиони евра, што е за 11 милиони евра повеќе од истиот период лани.

— реклама —

„Ова се резултатите од 'дрим-тимот' на Мицкоски и Божиновска во енергетиката. Ова е реалноста, а не манипулациите и лажните трибински говори“, стои во реакцијата на СДСМ.

— реклама —

Партијата предупредува дека компанијата првпат во историјата потфрлила со дури 35% во планираното производство во првиот квартал, што се одразило и врз целокупната енергетска стабилност.

— реклама —

Како дополнителен показател за слабоста на менаџментот, од СДСМ посочуваат дека повеќе од три месеци нема назначено директор за правни работи, а претседателот на Надзорниот одбор си поднел оставка, што, според нив, укажува на целосен управувачки колапс.

„Овие 45 милиони евра загуба се резултат на неспособност, а доказ за безидејноста се и дополнителните 110 милиони евра кредити што ова раководство ги зема за помалку од една година.“

СДСМ особено остро ја критикува министерката Сања Божиновска, обвинувајќи ја дека наместо да се справува со енергетските предизвици, се занимава со продуцирање видеа и самофалби на социјалните мрежи.

„На место акција – селфи. Наместо резултати – објави со фрази како 'Македонија со јасна енергетска визија'. Единствен успех ѝ се видеата, можеби чека филмска награда.“

Партијата обвинува и за поставување на директор без никакво искуство во енергетиката, додека, како што тврдат, се отвораат вратите за странски приватни инвеститори да ја преземат инфраструктурата.

„Ова не е реформа, туку енергетска пародија. Никогаш досега немало ваков колапс на ЕСМ.“

СДСМ порача дека граѓаните не ги интересираат „смешните соопштенија“ од раководството, туку резултати кои, како што велат, оваа гарнитура не е способна да ги испорача.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjh5focvnr7dv3FbX14S

СДСМ: Со Мицкоски Македонија е на колена

Македонија | пред 18 минути

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 16 часа

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 18 часа

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања