Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, остро ја обвини власта дека свесно го блокира европскиот пат на државата, тврдејќи дека премиерот Христијан Мицкоски ја води земјата кон децениска изолација поради лични интереси.
Таа оцени дека актуелната политика не е случајна, туку намерно избрана за да се избегне надзор и одговорност, при што, како што рече, институциите се користат за спроведување на криминал и тендерски шеми.
Кузеска постави серија прашања за, како што наведе, спорни практики во државата – од избор на обвинители, преку доделување тендери, до случаи поврзани со криминал и, како што посочи, институционални пропусти во чувствителни предмети.
Според неа, ваквиот пристап директно влијае врз иднината на младите, на кои им се испраќа порака дека членството во Европската Унија ќе се одложува со години.
Таа потсети и на, како што рече, неисполнетите ветувања на ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја власта за лажен патриотизам и манипулација со јавноста.
Кузеска истакна дека граѓаните се соочуваат со раст на цените и економски притисоци, додека, според неа, платите не го следат тој тренд, обвинувајќи ја власта дека ги игнорира реалните проблеми на населението.