Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Костадинова: Капиталните проекти како браната Конско се инвестиција за иднината, барокот е враќање во минатото

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Kostadinova

,,Нема поголема инвестиција во иднината на државата од реализацијата на крупни инфраструктирни проекти кои ќе придонесат да се подобри квалитетот на живот на граѓаните и да се унапредат условите за развој на конкретни стопански гранки.

— реклама —

Браната Конско во Гевгелија е конкретен пример дека СДСМ е партија посветена на развојот и на градењето просперитетна иднина. Владата предводена од СДСМ го иницираше, го започна и целосно го реализираше најголемиот инфраструктурен проект во гевгелискиот регион во последните 50 години, вреден 40 милиони евра.

— реклама —

Со новата акумулација на браната Конско се обезбедува вода за наводнување на околу 8.000 хекрати во целото Гевгелиско поле. Дополнително, со гордост најавуваме реализација на системи за наводнување на четири брани, со кои ќе се обезбедат услови за интензивно и конкурентно земјоделско производство во вкупно осум општини. Ова е најголема инвстиција во сегментот водоснабдување од осамостојувањето на државата.

— реклама —

Владата предводена од СДСМ покажа и докажа дека наш приоритет се крупни капитални инфраструктурни проекти кои се инвестиција во иднината, а не евтин барок кој е враќање во минатото.

Скапите гипсени фасади на ДПМНЕ мора да останат во минатото. На граѓаните не им е потребна евтина реприза од најкриминалното владеење во историјата на Македонија.

Затоа на претстојните избори ќе го поддржат СДСМ и политиката на инвестирање во брани, патишта и капитални проекти за рамномерен регионален развој и подбар живот за сите", изјави Марија Костадинова, пратеничка на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 11 час

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 15 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања