Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Костадиновска Стојчевска: Со ребалансот не се предвдува покачување на платите во ниту еден сектор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска на комисиската расправа посветена на ребалансот на буџетот истакна дека при образложувањето на буџетот јавноста сфати дека новата влада не знае што прави во моментов, ниту пак знае што ќе правите во наредниот период.

— реклама —

Една таква влада имавме, таа до 2016 која велеше дека има некаков план и тогаш имавме кратење на даноци, кратење на рабонички права, ниски плата, мала улога на државата во економијата, ни тогаш ни сега не гледаме ништо за справување со сиромаштијата, за подобрување на животниот стандард, видовме само затопирање на постапки за вработување, запирање на склучување на нови колективни договори и неоставање ниту простор за репреговарање или преговарање на нови, нагласи Костадиновска Стојчевска.

— реклама —

Таа нагласи дека под флексибилизација на пазарот на труд се подразбира кратење на работнички права, а со ребалансот не се предвдува покачување на платите во ниту еден сектор, ниту обрзаование, ниту здравство, ниту полиција, ниту армија, не се почитуваат ниту обврските од општиот колективен договор и нема да има зголемување ниту на минималната плата на 450 евра колку што бараат синдикатите, а први на удар беа платите на културните работици, не се предвидени ни пари за високото образование.

— реклама —

Водите неодговорна фискална политика, што покажуваат два индикатори во ребалансот, порастот на јавниот долг и високите камати на кредитите што ќе треба Македонија да ги плаќа и што, според експертите ќе ја вовдеат државата во должничко ропство, рече Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека до крајот на годината само за камати на кредити треба да се издвојат 300 милиони евра, што е повеќе од што државата дава за социјални надоместоци за сиромашните.

Костадиновска Стојчевска истакна дека зголемувањето на расходите, дефицитот и долгот, и треба да признае дека ребалансот и кратењата се заради новите четири министерства, четири нови министри, заменици и државни секретари и безброј други вработувања.

Велите дека нема непродуктивни трошења, а гледаме лускуз од првиот ден, затоа треба да се знае дека ребаланост е за задоволување на коалициските договрања, посочи пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 32 минути

media-libraryfemrtp18rd3ffuuIP2L

СДСМ: Предавникот Мицкоски отиде кај пријателот Орбан да преговара за Груевски

Македонија | пред 1 час

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 16 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања