Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ковачевски: Не е време за предвремени парламентарни избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
kovacevski-888

Парламентарното мнозинство е стабилно, со оглед на тоа дека неговата поддршка е поголема во однос на претходната влада, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

— реклама —

„На една страна имаме парламентарно мнозинство кое има јасна западна ориентација, која едногласно го поддржа усогласувањето на нашата политика со ЕУ, едногласно го осуди нападот на Русија врз Украина и едногласно ги донесе и се уште ги носи антикризните мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Тоа е парламентарно мнозинство кое уште сега се подготвува за најтешката зима што ја очекува Европа по Втората светска војна. Од друга страна имаме политички партии што заговараат активна соработка со Путин. Тоа е основната разлика во стратешката ориентација меѓу тие две коалиции - владината коалиција која е западно ориентирана, ориентирана кон заштита на стандардот на граѓаните и од друга страна коалиција која е ретроградна, неодговорна и се грижи единствено за своите политички поени во време на најголемата економска криза.“ порача претседателот Ковачевски.

— реклама —

Ковачевски истакна дека сега не е време за предвремени парламентарни избори, дека парламентарните избори ќе се одржат во редовниот термин, односно во 2024 година, додавајќи дека и анкетите на јавното мислење покажуваат дека огромно мнозинство од граѓаните не се за одржување на предвремени избори во овој момент.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryo14qu7tnhb649mnsPIF

Ковачевски: Цените на храната растат, зошто не се применува Законот за нефер трговски практики?

Македонија | пред 3 седмици

sdsm-zecevic-kovacevski-8

(Видео) Ковачевски одби да го пофали Миле Зечевиќ: беше ли тој најдоброто во СДСМ? Му се плаши ли?

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-10-at-11.49.48

(Видео) Шефот одговара: Чии интереси застапуваше Османи, министер во Владата на Ковачевски?

Македонија | пред 1 година

kovacevski-sdsm-spasovski

Жестока дебата за одговорноста ќе се бие на Конгресот на СДСМ

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања