Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

КОВАЧЕВСКИ

media-libraryo14qu7tnhb649mnsPIF

Ковачевски: Цените на храната растат, зошто не се применува Законот за нефер трговски практики?

Пратеникот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања упати прашања до министерот за економија Бесар Дурмиши кои се однесуваа на примената на Законот за забрана на нефер трговски практики. Тој посочи дека и покрај донесениот закон, цените на храната бележат двоцифрен раст, а на терен се забележуваат сериозни отстапувања и драстични разлики во цените на идентични производи. Ковачевски побара конкретни мерки со утврден рок за доследна примена на законот, како и одговор дали Комисијата за заштита на конкуренцијата е кадровски и технички екипирана за да се справи со нефер трговските практики на големите супермаркети. Според него, без ефективна контрола, законот останува само формална алатка, додека товарот од зголемените цени го плаќаат граѓаните.Во продолжение, интегрален текст од прашањето:Почитувани колеги, почитуван претседател на Владата, почитувани членови на Владата, прашањето е до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, а се однесува на примената и ефектите од Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи, закон кој беше донесен во 2024 година со цел да спречи злоупотреба на пазарната моќ во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи, да обезбеди фер услови за добавувачите и да спречи злоупотреба на пазарната моќ во синџирот на снабдување со овие производи.Овој закон во неколку наврати беше оценет како потребен и целисходен од страна на сите присутни во Собранието и за него во неколку наврати и од различни аспекти се дискутираше афирмативно од страна на сите пратенички групи во оваа собраниска сала.За да биде појасно за јавноста, согласно овој закон кој е усогласен со европските директиви и кој во иста или слична форма се применува во голем број развиени западноевропски држави, нефер трговски практики се договорни одредби и деловни практики кои еднострано се наметнуваат од купувачот кон добавувачот во врска со продажбата на земјоделските и прехранбените производи, спротивно на принципот на добра волја и чесност.Да биде уште појасно, законот се однесува на практиките на големите трговски ланци, односно супермаркети, во кои граѓаните секојдневно ги купуваат своите неопходни животни намирници, прехранбени производи, производи за широка потрошувачка.Согласно одредбите наведени во законот, меѓу другите одредби како нефер трговски практики се наведени случаите кога трговскиот малопродажен ланец, колоквијално или народски кажано супермаркет или ланец на супермаркети, бара надомест за внесување нов земјоделски и прехранбен производ во продажната мрежа и за проширување на продажната мрежа на купувачот, бара надомест за уредување нови и преуредување на постојните продажни места на купувачот, како и  и проширување на капацитетот за складирање кај купувачот, бара од добавувачот да се договорат фиктивни услуги кои нема да се извршат, а за кои единствена причина е одложување на рокот за плаќање кој веќе е договорен.Бара надомест од добавувачот за склучување на самиот договор, бара од добавувачите да не продаваат земјоделски и прехранбени производи на други купувачи по пониски цени, бара надомест од добавувачот поради намалена продажба кај купувачот, бара надомест од добавувачот за маркетинг-истражување на пазарот, ги враќа на добавувачот непродадените земјоделски и прехранбени производи кои се испорачани без да плати, бара надомест од добавувачот за прикажување или ставање на производите на полиците на продажното место на купувачот, бара од добавувачот во целост или делумно да ги сноси трошоците за попусти на производите кои се продаваат како дел од промоција, бара добавувачот да плати за рекламирање на производите кои тој ги рекламира, бара добавувачот да плати за маркетинг на производите кои тој ги спроведува и бара надомест од добавувачот за маркетинг-трошоци за персоналот.Сите овие практики значат зголемување на трошоците на добавувачите, зголемување на малопродажната цена на прехранбените производи, зголемување на апсолутниот износ на малопродажната маржа. На ваков начин зголемената цена на прехранбените производи и на крајот сево ова го плаќаат крајните купувачи, односно граѓаните на Македонија.Дополнителен негативен ефект е што со тоа се демотивираат домашните производители на храна и сè повеќе на рафтовите гледаме увезени производи, што се гледа од зголемениот увоз на храна од година во година. На таков начин граѓаните плаќаат двојно ,  повисоки цени на прехранбени производи од увоз и субвенции преку Буџетот во износ од четврт милијарда евра на производителите на земјоделски и прехранбени производи.Надзор на спроведувањето на одредбите од овој закон врши Комисијата за заштита на конкуренцијата, која треба да ја контролира примената на одредбите од овој закон и истовремено да изрекува прекршочни казни.Како Комисијата ја извршува оваа функција? Преку проверка на договорите за снабдување помеѓу добавувачот и купувачот, кои мора да бидат склучени во писмена форма со одредби и услови кои се неопходни за регулирање на деловниот однос помеѓу договорувачот и купувачот.Но постои уште една посложена активност која стои на располагање на Комисијата, а во услови кога договорите се согласно закон во најголем број случаи, но сепак на терен се забележуваат нефер трговски практики.Доколку постои основано сомнение дека е определен прекршок за нефер практики, Комисијата може да му наложи на тоа претпријатие да им овозможи непречено да влезат во неговите деловни простории, да им овозможи непречено да ги испитуваат книгите или друга документација која има значење за утврдување на постоење прекршок или да овозможи непречено да земаат или задржат во која било форма копии или извадоци од тие книги или документација.За ова, за разлика од проверката на договорите, Комисијата треба да располага со соодветни човечки и технички капацитети.Сепак, две години по стапувањето на законот во сила, вклучително и периодот на прилагодување, на терен се забележуваат сериозни отстапувања. Според Државниот завод за статистика, во 2024–2025 година цените на храната бележат двоцифрен пораст, при што индексот на трошоци на живот во делот храна и безалкохолни пијалаци во одредени месеци надминуваше 10% на годишно ниво. Ова се гледа од зголемената висина на потрошувачката кошница, која надмина 1.000 евра месечно по семејство.Истовремено, домашните производители укажуваат на притисоци врз откупните цени и дополнителни трошоци. Особено загрижува фактот што идентичен производ од ист производител со иста грамажа и декларација во различни трговски ланци се продава со ценовна разлика што достигнува и до 50%.Бевме сведоци дека имаше дополнителна акција од страна на државните институции за објавување на цените на супермаркетите, која заврши без успех, со оглед на тоа дека на веб-страниците осамнаа ПДФ-фајлови во кои буквално ниеден граѓанин не можеше да се снајде или да направи каква било проверка и споредба.Исто така, јавноста сè уште нема податоци за бројот на спроведени инспекциски контроли, поведени постапки и изречени санкции, освен едно санкционирано здружување, што дополнително ја доведе во прашање ефикасноста на примената на законот.Ваквите резултати отвораат оправдано прашање за недоволната контрола на трговските маржини, нефер практики и отсуство на ефективен надзор согласно законот.Моите прашања се многу конкретни и не се однесуваат на тоа дали ќе се менува законот во делот на зголемување на казните, како што министерот најави пред неколку дена, бидејќи за да се пропише казна, колку и да е таа висока, прво треба да има ефективна контрола.Прашањето не се однесува на општата или на базичната инфлација на цените, туку конкретно на законот кој ги регулира прехранбените и земјоделските производи, нивната трговија и соодветно цените кои во најголем дел го сочинуваат буџетот на граѓаните.Оттука прашувам кои конкретни мерки со утврден рок ќе ги преземе Владата за да обезбеди доследна примена на Законот за нефер трговски практики и да спречи неоправдани и драстични ценовни разлики на идентични производи на пазарот и зголемување на цените на малопродажбата која на крај ја плаќаат граѓаните?Дали Комисијата за заштита на конкуренцијата е кадровски и технички екипирана за ефикасно извршување на оваа своја законска функција?Дали има вработени кои поседуваат искуство и знаење за спроведување на законот, односно дали во Комисијата за заштита на конкуренцијата се ангажирани соодветни кадри организирани согласно принципите на стручност, ефикасност и ефективност во работењето, кои ќе можат да се носат со идентификување на трговски практики кои ги прават големите ланци на супермаркети, а кои за тоа вработуваат обучен кадар чија основна работа е зголемување на продажбата и зголемување на профитот во интерес на нивниот работодавец?

Македонија | пред 3 седмици

sdsm-zecevic-kovacevski-8

(Видео) Ковачевски одби да го пофали Миле Зечевиќ: беше ли тој најдоброто во СДСМ? Му се плаши ли?

Експремиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, во „Претрес со Ландов“ одговараше дали Миле Зечевиќ беше најдобар кадар со кој располагаа за да биде назначен за генерален секретар.„Што е најдобро, во одреден момент, има различна тежина. Кога доаѓате за претседател на одредена партија, располагате со одредени ресурси. Во тој момент тој беше единствениот кандидат за генерален секретар. Имаше свој амбиција да стане генерален секретар“, рече Ковачевски.Тој одговараше и дали има страв од Зечевиќ:?t=3687

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-10-at-11.49.48

(Видео) Шефот одговара: Чии интереси застапуваше Османи, министер во Владата на Ковачевски?

Чии интереси застапуваше министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министер во Владата на Ковачевски? Баравме одговор од експремиерот и експретседател на СДСМ.Со пари од буџетот лобираше за Косово. Зошто ова го дозволувал првиот човек на Влада? Дискусија, аргументи, судир на ставови..?t=6002

Македонија | пред 1 година

kovacevski-sdsm-spasovski

Жестока дебата за одговорноста ќе се бие на Конгресот на СДСМ

Експретседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски очекува долга дебата за изборите и неговата одговорност. Според него, по Конгресот, партијата треба да излезе пообединета и посилна.„Делегатите имаат за што да разговараат“, вели Ковачевски.На партиски конгрес, СДСМ денеска (9 јуни) ќе ги анализира причините за резултатите од парламентарните избори што се одржаа на 8 мај. Партијата која беше на власт во последните речиси седум години, на изборите доживеа пораз и освои само 18 пратеници.

Македонија | пред 1 година

IMG_3493

Ковачевски за Велигден: Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ, храбрите одлуки секогаш носат успех

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово - Велигден, упати честитика до православните верници.„Честит и вековит нека ни е денешниот најголем христијански празник Воскресение Христово - Велигден. На сите кои го празнуваат денешниот празник им посакувам здравје, радост и благосостојба во домовите. Повикувам на хармонија и на обединетост во нашето општество. На овој најголем празник, да имаме мир и спокој во душите, а добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ кон добри дела и иднина.Денешниот празник ја симболизира победата на животот над смртта, тоа е силна порака дека храбрите одлуки секогаш носат успех, особено кога се работи за заедничкото добро.Овие големи празници носат голема духовна сила, да ги празнуваме секогаш заедно, во радост и спокој. Христос Воскресе!“, порача во честитиката претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Македонија | пред 1 година

kovacevski-gruevski-scaled-1

Груевски: Си велам да „утепам“ саат и кусур за Ковачевски и се откажав - за жал, за некои болести нема лек

За експремиерот и азилант, Никола Груевски, немало смилса да го слуша експремиерот Димитар Ковачевски. Тој коментира интервју кое Ковачевски го имал за подкаст. И вели: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“. Ви го пренесуваме во целост:„Деновиве неколку мои пријатели ми пратија линк од настап на Димитар Ковачевски на еден поткаст. “Гледај го” ми вели едниот. Погледнав, саат и нешто трае. Си велам да “утепам” саат и кусур за Ковачевски да го слушам, има ли смисла? Се откажав.“Мораш да го гледаш” ми пишува друг, “многу жестоко и приземно те напаѓа, со лични навреди и омаловажувања”. Трет пак нешто така. А што ако ме напаѓа, кога никој не го зема за сериозно човекот, си велам.Незнаев како да им објаснам дека гледањето на Ковачевски со тежински фактор на влијание во политиката “нула” е чиста загуба на време.Како да гледаш некој локален фраер пред напуштена “кооперација” во населеното место, со пиво во рака, седнат на гајба во некоја далечна провинција, глуми некоја величина и самодоверба и се труди да е вицкаст, а нема талент, ниту некаков резултат зад себе во работата што ја работи. Во ред, бил назначен за премиер! Не избран, назначен. Но, што направил? Што тој направил, а што јас сум направил како премиер? односот негов се гледа дека ништо не направил.Ако направил немало по 8-9 години одкако веќе не сум премиер, да се пресметува со мене и да се докажува пред јавноста.Луѓето што нешто реално направиле во областа што ја работат немаат потреба од себедокажување со навредување на другите што создале успеси.Тој што реално направил реформи, дела, подобрувања, ја испополнил и надминал ветената програма и проекти, решил најтешки проблеми, изградил, создал, истрајал на притисоци од областа на национален интерес, донел крупни инвестиции во земјата, преполовил невработеност во време кога е најголема во Европа…, тој човек цени, и не напаѓа некој друг кој постигнал реален успех, бидејќи знае колку тоа е тешко. Цени, почитува, бира зборови, знае што зборува.Тој што не направил нешто особено или ништо, тој навредува, се прави паметен со омаловажување на други, озборува, “плука” по луѓе преку медиуми, не почитува и верува дека така, со “плукање” на многу поуспешни од него и тој ќе стане голем, бидејќи го нападнал и предизвикал некој кој е многу поголем од него, во учинокот, во успесите и во испорачувањаето на ветените резултати.Сепак, некако попуштив, па по инсистирање на повеќе мои пријатели, на крајот го гледав со неколку дена задоцнување, ама истовремено работев и уште една друга активност, да не ми отиде времето залудно.Прво, целиот негов однос е како човекот да има некоја болест со која е надвор од реалноста. Зборува со манири, дикција, многу висока самоувереност, и фацијална експресија како да неговиот кандидат за претседател во првиот круг победил со 180 илјади гласа разлика, а не загубил со толку, како што се случи.Од време-навреме знае да каже нешто од типот “ја примивме пораката”, бидејќи така го задолжиле неговите платени експерти за комуникација со јавноста и кампањата, но тоа е колку да исполни што се бара од него, слично како онаа фраза “имавме грешки во кадровска политика”, иако веднаш после тоа еден по еден така ги фали и воздигнува сопствените министри, што единствен заклучок може да биде дека ако биле толку добри неговите министри, најверојатно лидерот не чинел. Ама не оди од агенцијата која ја води кампањата да му кажат “кажи имавме слаб и изгубен во свемирот лидер”.Човекот како тотално да се одлепил од реалноста. Всушност тој веројатно си беше одлепен од реалноста, ама изборните резултати, наместо да го вратат, уште повеќе го оддалечиле од реалноста, во која народот очигледно му додели “црвен картон” на последните избори. А овој горд на себе по поразот, како да слави, како да навистина дал “гол” во 90’ минута и го добил натпреварот, како што го гледавме во еден таков негов спот за кој во поткастот кажа дека бил реалност.Не е непознато славењето и величењето на поразите низ балканската историја, ама овој нашиот “лик од пред напуштена кооперација со пиво во рака седнат на гајба и еден тон самодоверба и чувство на величина“ некако ептен личи самоубеден.Да е навистина самоубеден и најдобар нема другите да се обидува да ги омаловажи. Тоа е докажано во психологијата.Плука над себе, во височина. Знаеме фигуративно гледано што следува во таква ситуација: неговата плунка му се враќа директно на неговото чело. Ќе си ја забележи наскоро.Па некако ми проструи низ главата онаа српската: “Благо оном ко рано полуди, па му живот прође у весеље”.Се потсетив и на зборовите на поранешниот македонски амбасадор во Израел - Пајо Авировиќ кој во една прилика во неврзан разговор во Тел Авив ми кажа дека секоја година на Велигден во Ерусалим, кога милиони верници пристигнуваат таму, обавезно околу 5-6 луѓе привремено целосно одлепуваат и реално почнуваат да веруваат дека се новиот месија и така се однесуваат, се преставуваат и слично. Држат говори низ градот, и прават се што мислат дека би правел еден “Божји син” испратен од Бог да го спаси човештвото, и тоа трае се додека не го однесат во болница и не прими инјекција.Сепак, тука неговиот ментор Зоран Заев сеуште е неприкосновен, ненадминлив, и на него ни инјекција не му помага, па привидот дека е месија пратен од Господ да го спаси народот, односно дека ја спасил Македонија и донел живот, го држи еве над 8-9 години, а и неодамна си снимил спот во кој на почеток кажува дека го спасил народот од мене и од ВМРО-ДПМНЕ.За жал, за некои болести нема лек.Околу нападите на Ковачевски врз мене, незнам што да одговорам а да звучи сериозно, на така не сериозен настап. Корените сме ги барале кај хунзите, сум играл Чардаш покрај Дунав пет години, сум излегувал само на саем на книга преку издавачката куќа “Ѓурѓа”, сите новинари што биле против нас сме ги тепале и затварале, итн.Човекот не разбира ништо, а многу сака да зборува и правејќи се вицкаст, мора да навредува, бидејќи на друг начин не знае да привлече внимание кон себе.Празен е.Независно на дипломите, неговиот фонд на зборови и вокабулар упатува дека застанал некаде на “Марика лета со авион”.Ќе завршам со уште една српска поговорка која заради римата ќе ја напишам повторно на српски, а која најпрецизно го отсликува Ковачевски и неговото однесување:“што је глава празнија, то је безобразнија!”

Македонија | пред 1 година

KOVACEVSKI-VO-SDSM

Ковачевски: Изборот за граѓаните е помеѓу надеж за европска иднина или безнадежност и враќање во изолација

Најголемиот дел од граѓаните сакаат да ја видат Северна Македонија како дел од ЕУ, затоа сега изборот пред нив е помеѓу тоа кој има план за иднината, а кој нема ников план, потенцираше претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачавески, на денешната заедничка прес-конференција со европратеникот од редовите на Социјалдемократската партија на Австрија, Андреас Шидер.„Не постојат брзи решенија за системски проблеми. Европскиот пат и крајно членството во ЕУ е единствениот начин како да се обезбедат суштински промени во македонското општество. Најголемиот дел од граѓаните сакаат да ја видат Северна Македонија како дел од ЕУ. И затоа денес пред нив е изборот помеѓу тоа кој има план за иднината, а кој нема никаков план? Кој е за членство во ЕУ, а кој е против ЕУ? Кој е за надеж за подобра европска иднина или за безнадежност и враќање назад во изолација“, рече Ковачевски.На прес-конференцијата, Ковачевски рече дека СДСМ и Коалицијата, имаат јасна визија, силна волја, знаење, храброст и конкретен план, за обезбедување на европска иднина за граѓаните, за уште поголеми плати и пензии, повеќе инвестиции, повеќе и подобри работни места, развиена економија по европски стандарди.„И тоа ќе го потврдиме со формирањето на новата проевропска Влада по двојната победа на 8 мај на СДСМ и Коалицијата за европска иднина и нашиот претседател Стево Пенадровски“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Македонија | пред 1 година

avtopat

Ни Ковачевски не знае кога ќе се заврши изградбата на автопатот Кичево-Охрид

Без одговор остана прашањето кога ќе биде завршен автопатот Кичево-Охрид. Сите рокови се пробиени одамна, а експремиерот Димитар Ковачевски кој планира да добие нов мандат, кажа дека треба нова одлука во Собранието па да се види што понатаму.„Тој договор бил донесен како закон во Собранието, така што таму треба да се одлучи“, рече Ковачевски.Истовремено, ги повтори низата критики кон поранешната Влада на ВМРО-ДПМНЕ која го започна проектот - дека не бил добро испроектиран. Ковачевски додаде дека автопатот Кичево-Охрид е готов 80 проценти.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Јавна „тајна“ се носителите на листи од СДСМ: Ковачевски не ги открива, но извори ги откриваат дел од имињата

Во тајност се држат носителите на листи од СДСМ и кандидатите за пратеници. Претседателот на партијата, Димитар Ковачевски, кажа дека станува збор за познати кадри кои извршувале високи функции, но не и кои се тие.„Носители ќе бидат партиски членови кои и во минатото извршувале високи функции во државата, а истото го мислам и за кандидатите за пратеници. Ќе имаме конгрес на почетокот од последната недела во месец март“, рече Ковачевски.Според информации на „Скопје1“, во изборната единица еден, носител ќе биде партискиот лидер Димитар Ковачевски. Тоа тој го потврди и во неколку наврати. Според досегашната пракса, ќе има и втор носител на листа, а тоа најверојатно ќе биде лидерката на ЛДП, Моника Зајкова.Во втората изборна единица, предводници ќе бидат Фатмир Битиќи и Сања Лукаревска. А пак, Оливер Спасовски кој во минатото беше носител во двојката, сега се сели во третата изборна единица, заедно со Љупчо Николовски.Четворката е резервирана за Венко Филипче, додека петтата изборна единица ќе биде предводена од Јован Митревски и Бисера Костадиновска-Стојческа.Шестата изборна единица е неизвесна. Таму се споменуваат повеќе имиња за носители на листа, како Славјанка Петровска и Миле Зечевиќ. Партијата, нема одлучено кој ќе биде.На уште едно добитно место се надева ЛДП, но и НСДП. Тука битката е помеѓу досегашните Соња Мираковска и Горан Мисовски, но аспирации има и партискиот секретар Мики Милковски.

Македонија | пред 2 години

kovacevski-51525

Ковачевски контра „Политико“: убедува дека не останал пред врата во Рим и влегле на собирот на европските социјалисти

Димитар Ковачевски кажа дека присуствувал на сите настани во Рим и не останал пред врата, како што пишуваше реномираниот медиум „Политико“. Тој посочува дека изгледа станува збор за некакво недоразбирање и убедува дека влегол секаде.„Се работи за натпис кое е некое недоразбирање. Вие можете да го видите мојот говор на Конгресот и сите состаноци кои ги имав таму. Беше чест да се обратам на Конгресот заедно со Педро Санчез, со колегите од Германија, Португалија. Така што на сите настани во Рим, присуствуваше нашата делегација“, вели Ковачевски.Влијателниот медиум Политико, Ковачевски, иако бил повикан, не успеал веднаш да влезе на собирот на европските социјалисти во Рим.

Македонија | пред 2 години

dimitar-apasiev-5

Апасиев за Ковачевски: Лажен левичар-милионер, кој не знае Римско право во Рим

„Политико“ објави, а пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, праша дали неговиот имењак Ковачевски навистина не го пуштиле на собирот на европските социјалисти во Рим. Апасиев се изнасмеа преку статус на социјалната мрежа „Фејсбук“.„Таче не го пуштиле да влезе на собирот на европските социјалисти во РИМ!? 😂🤣😂 Епа како да пуштат лажен левичар-милионер, кој не знае Римско право во Рим, бе? p.s. Социјал-демократијата веќе не е секси“, напиша Апасиев.Влијателниот медиум Политико, Ковачевски, иако бил повикан, не успеал веднаш да влезе на собирот на европските социјалисти во Рим.

Коментари | пред 2 години

kovacevski-azeski-2

(Видео) Ако коза лаже, рог не лаже, што кажа навистина Азески за Ковачевски

По написите во јавноста и цитирање на изјавата на Азевски, Стопанската комора на Северна Македонија известува дека претседателот на СКСМ Бранко Азески јавно ја негира информацијата која се појави во одредени медиуми.Тој, велат, никогаш не изјавил дека актуелниот претседател на СДСМ и поранешен претседател на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковачевски му рекол „Имам итен состанок“, а на тоа господинот Азески прокоментирал „а после го гледаш во Трибека кафеана“.„Нагласуваме дека господинот Ковачевски бил премиер кој секогаш и во секое време бил на располагање на бизнис- заедницата, обединета во СКСМ“, велат од Комората.А еве што всушност кажа Азевски со што се демантира демантот на Комората.

Македонија | пред 2 години

25012024_PVRSM_5

Ковачевски уверен дека пак ќе биде премиер, па ветува: 1.000 евра просечна плата и минимална плата од 600 евра

Во мојот втор мандат како премиер, ќе работиме да дојдеме до над 1.000 евра просечна плата и минимална плата од 600 евра, и ова ве уверувам дека со правилни политики е достижно, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, синоќа во Штип во обраќањето при отворањето промотивен штаб на СДСМ.-Со напорна работа, нема недостижна цел. Никој не веруваше дека 500 евра просечна плата до 2024та година е можно и остварливо. Но како што знаете, тоа ветување, СДСМ предвремено го исполни. Денес просечната плата изнесува 650 евра. Така ќе биде и овој пат., рече Ковачевски.Направивме долгорочна системска промена и за покачување на пензиите, просечната пензија денес е за 6.400 денари поголема во однос на 2016 година а минималната пензија за речиси 50% повисока. СДСМ овозможи пензионерите во просек да добиваат 6.000 денари повеќе, додаде Ковачевски.СДСМ и понатаму ќе се бори за Северна Македонија да биде успешна држава во која секој наш граѓанин ќе има достоинствен живот од својата заработена плата, држава во која младите ќе добијат квалитетно образовани, држава во која здравствената заштита ќе биде на највисоко ниво, во која секој граѓанин ќе биде почитуван, ќе живее во демократија, во држава во која законите важат подеднакво за сите. Тоа го нуди нашата нова програма со која ќе настапиме на овие избори, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во Штип.

Македонија | пред 2 години

kovacevski-4125616

Дали му е незгодно: Ковачевски не се откажува од апанажата, ќе си зема 2.500 евра месечно, цела година

Немаше одговор од премиерот Димитар Ковачевски, дали му е незгодно што ќе зема 2.500 евра месечно од државата, како апанажа поради тоа што бил претседател на Владата. Тој смета дека ако некој извршувал некоја функција, треба да следува апанажа, со цел, да најде време за да најде нова работа.„Јас бев претседател на Владата во едно тешко време. Својата функција ја обавувам согласно законот. И така поднесов оставка. Сите одлуки носени по тоа, во однос на примањата, тоа е според Закон. Сметам дека сите треба да ги почитуваат законите. Токму поради такви закони кои се почитуваат, имаме зголемување на миниалната плата...“, раскажуваше Ковачевски, кој не одговори дали му е незгодно што зема апанажа.На забелешката дека ако не побарал апанажа, немало да добие, тој посочува: „Вие бевте сведок дека бев обвинуван дека сум имал свои фирми и компании, тоа опозицијата го истакнуваше. Но се потврди дека немам свои компании. И со ова само се потврди дека тоа било лага“.

Македонија | пред 2 години

kovacevski

(Видео) Си чепкаше во уста, шутираше, се смешкаше - на премиерот не му беше интересен говорот на Рустеми

Двајца министри, директорот на „Државни патишта“, Ејуп Рустеми и премиерот Димитар Ковачевски одржаа прес-конференција среде автопат, со цел да промовираат рехабилитирање на 12,7 километри пат. Уште на почетокот од прес-конференцијата Ковачевски укажа дека е ладно, а потоа, додека траеа говорите на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот Рустеми, премиерот Ковачевски застана зад нив, си ги чепкаше забите и се смешкаше со министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.„Денеска сме тука заедно со премиерот и со министерот за транспорт и врски, за официјално да објавиме дека е официјално завршена делницата Битола-Меџитлија. Рехабилитиравме 12,7 километри пат, со средства обезбедни од ЕБОРД, во висина од 3,27 милиони евра. Ширината на делницата е променлива, се движи од 6 до 6,5 метри“, кажа Рустеми, додека Ковачевски се смешкаше и шепкаше во позадина.Претходно, говореше и Ковачевски, а Рустеми внимателно слушаше.„Само со посветеност, прецизни планови и стратегија може да се реализираат инфраструктурни проекти....“, кажа Ковачевски, посочувајќи дека патот нуди економски перспективи.По говорот на Рустеми, Ковачевски одговараше на прашања.

Македонија | пред 2 години

igor-eftimov-kovacevski

Во месец кога пензионерите молат за +50 евра за да можат да преживеат, Ковачевски фрлил 8000 евра на Фејсбук рекламирање, вели Ефтимов

Поранешниот директор на Јавното Претпријатие “Стипион” Штип, Игор Ефтимов на социјалните мрежи сподели фотографија од трошоците за рекламирање на премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук.„Таче нели е многу ова?ОК, човекот сака да биде influencer, но да лупнеш 8000 евра на рекламирање за месец дена според мене ги мине сите граници‼Особено што во тој месец кога се фрлени 8000 евра на facebook рекламирање, пензионерите молат за + 50 евра месечно за да можат да го преживеат месецот“, стои под фотографијата.

Коментари | пред 2 години

tasevski-kovacevski

Тасевски до Ковачевски: Околу тебе у партија 90 посто се УДБА или деца на удбаши

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес конференција истакна дека во нашето Собрание се уште има пратеник кој доаѓа од редовите на поранешната УДБА и додаде дека не очекува тој да сака да ја види државава во Европска Унија.„Тој изградил кариера државата да не биде во ЕУ и да биде скарана со сите соседи. Од него не може да се очекува да ја носи државата во ЕУ. Државата во ЕУ може да ја однесат новите млади политичари кои виделе што сакаат новите генерации. Нашите млади сакаат да работат во ЕУ заради поголем стандард, подобро социјално осигурување, подобро владеење на демократијата. Тие сакаат да имаат коридори и патишта“, порача Ковачевски.Актерот Сашо Тасевски реагираше на оваа изјава на премиерот.„Ковачевски: Има пратеник во Собрание од УДБА.А бе торко, околу тебе у партија 90 посто се УДБА или деца на удбаши“, вели Тасевски.

Коментари | пред 2 години

asevski-kovacevski-osmani-pendarovski

Тасевски до Пендаровски, Ковачевски и Спасовски: Не се осеќате навредено што Курти ви организира приватна журка на која се негира државата

Горам од желба да знам ти Пендаровски, ти Таче и ти Обиџуко, а бе како се осеќате у дубини душе кога го јадете Курти со картата на Голема Албанија среде Скопје, вели актерот Сашо Тасевски.„Не ви е малку непријатно? Не се осеќате навредено и како луѓе и од позиција на функциите што ги имате? Не ви е срам од вас самите?Тој Курти ви доаѓа како премиер на протекторат, ви организира приватна етнофашистичка журка на која се негира т.н. држава која ја водите и вие излегувате со соопштенија од типот: Ќе го фатиме тој со картата на Голема Албанија, згрозени сме....Ќе го фатите жими Курти!Да сте држава таа журка немавте да дозволите да се случи. Или ќе им влезете со полиција. Замислете среде Загреб Шешељ да прави митинг со картата на Голема Србија. Уште колку секунди живот ќе му остане по таков кикс?Го*на мекотелски. Вие излегувате со соопштенија само ко ќе видите дека Македонците се бесни, инаку ве боли Курти секогаш кога некој сосед ги негира или понижува МакедонцитеСе срамам што живеам во ова франкештајнска творба наречена држава“, вели Тасевски.

Коментари | пред 2 години

kovacevski-telefon

Од кабинетот на Ковачевски контактирале со косовскиот амбасадор по посетата на Курти

Кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски информира дека по посета на премиерот на Косово, Албин Курти, е контактирано со косовскиот амбасадор. Од таму коментираат дека се работи за приватна посета на која Владата не била организатор, како и на тоа дека се бара истакнувачот на знамето на „Голема Албанија“ во Тетово.„Кабинетот на премиерот смета дека истакнувањето знамиња кои не се државните е спротивно на протоколите и законите за организирање настани во присуство на државници од странски земји. Воедно, видот на иконографија забележан на настанот во присуство на висок претставник на странска држава е несоодветно и недозволиво во земја членка на ООН и земја членка на НАТО и во таа насока ве информираме дека СВР Тетово презема мерки за идентификување на сторителите и целосно расчистување на случајот. Дополнително ве информираме дека од Кабинетот на премиерот во текот на денот е исконтактиран амбасадорот на Република Косово во Република Северна Македонија, во врска со споменатата иконографија користена при приватната посета на косовскиот премиер на земјата.“, информираат од таму.Од кабинетот го осудуваат и тоа што не е интонирана македонската државна химна и не било истакнато македонското државно знаме, како и на отсуството на заемно почитување. Коментар има и за настанот со улицата во Чаир.„Дополнително, иако локалната самоуправа во Северна Македонија има целосна слобода во донесувањето на одлуки кои ја засегаат општината, сепак, Кабинетот на премиерот Ковачевски посочува дека не се согласува со преименување на улица која го носи името на херојската Втора Македонска Бригада. Посочуваме дека локалната самоуправа требало изминатиот период поревносно да си ја врши својата работа и досега да изгради нова улица која ќе ја именува согласно законските процедури“, се вели уште во реакцијата.

Македонија | пред 2 години

BOGOJESKI-KOVACEVSKI

Богојески до Ковачевски: До каде сте со Заедницата на косовски општини во Македонија, колегата од Приштина беше тука да обележи граници?

По неофицијалната посета на Македонија, на косовскиот премиер Албин Курти, Петар Богојески преку социјалните мрежи му се обрати на премиерот Димитар Ковачевски.„Димитар Ковачевски до каде сте со Заедницата на косовски општини во Македонија?Денес колегата од Приштина беше тука да обележи граници?Онака во стилот на кучињата што мочкаат по столбови?!?#измеќари #подкосовље“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

kekenovski

Кекеновски до Пендаровски и Ковачевски: Вака ли се гради соживот? Во која држава Чаир е општина?

Професорот Јове Кекеновски по посетата на косовскиот премиер Албин Курти, ги праша претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски дали вака се гради соживот. Тој вели дека вчера по којзнае кој пат била погазена Репупблика Македонија.„ПРЕТСЕДАТЕЛЕ ПЕНДАРОВСКИ И ПРЕМИЕРЕ КОВАЧЕВСКИ ВАКА ЛИ СЕ ГРАДИ СОЖИВОТ?Денес во Општина Чаир по кој знае кој пат се погази Република Македонија.1. Не се вееше Македонското државно знаме.2. Не се интонираше Македонската химна,3. Не се почитува Законот за употреба на јазиците, а во врска со него и член 7 од Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на друго инфраструктурни објекти4. Не присуствуваше ниту еден македонски политичар.5. Не беше обезбеден превод на македонски јазик за присутните новинари и пошироката јавност.Претседателе и премиере ќе одговорите ли јавно и гласно дали вака се гради соживот?Ваша обврска е јавно да побарате одговорност од политичарите кои го организираа настанот за непочитување на законите.Овие политичари мора да покажат минимум лојалност и почит кон државата во која живеат, работат, опстојуваат и од која го јадат лебот.П.С. Патем не е лошо да одговорите во која држава Чаир е општина ?“, вели Кекеновски.

Коментари | пред 2 години

danela-arsovska-1

Арсовска за Ковачевски: Како некој што не може да си помогне себеси би можел да помогне на Градот Скопје

Досега нема покана од Владата за средба на која би се разговарало за помош од централната власт за главниот град, изјави градоначалничката на Скопје Данела Арсовска во вчерашното гостување на Канал 5, коментирајќи ја изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека ќе ја повика неа и нејзините соработници на состанок во Владата затоа што „градот на ништо не личел“.Според неа, најавената покана е спорна од два аспекта.- Првиот аспект е дека можеби доколку му се чини на премиерот дека градот на ништо не личи и најголем придонес имаат неговите советници во Градот, коишто се официјално и коалиција со ДПМНЕ, со што не гласаат за проектите да се реализираат коишто се во интерес на граѓаните. И доколку навистина тој би сакал да му помогне на Градот, можеби една од најдобрите решенија е да ги охрабри своите советници, кои ги има навистина во голем број во Град Скопје, да ги гласаат овие проекти што граѓаните ги бараа, меѓутоа исто така овие проекти се и од програмата којашто е избрана од нашите граѓани на последните локални избори, рече Арсовска.Вториот аспект, наведе Арсовска, е „како некој што не може да си помогне себеси би можел да помогне на Градот Скопје“, додавајќи дека ниту еден капитален проект во државата не е реализиран, посочувајќи ги како примери автопатот Кичево-Охрид и клиничкиот центар за коишто нагласи дека не се реализирани со години.

Скопје | пред 2 години

03112022_PVRSM_IRL

Македонците не се руски ботови, туку достоинствен народ кој со право реагира кон лошата политика, вели Милошоски

Денеска премиерот Димитар Ковачевски изјави дека Македонија е пред вето одвнатре, а против уставни измени се руски ботови и платени политичари, по што на социјалните мрежи реагираше пратеникот Антонио Милошоски.„Со ваквата изјава за "руски ботови" премиерот Ковачевски многу ги потценува македонските граѓани, а најмногу македонскиот народ. Големото мнозинство Македонци се против отворањето на Уставот заради понижувачките услови кои лекомислено ги прифати премиерот, со кои Македонија е доведена во потчинета положба, а процесот на евроинтеграции е доведен во состојба на крајна неизвесност.Ковачевски нема ниту изборен легитимитет, ниту политички капацитет за да постигне национален консензус за решавање на проблемот кој го создаде. Македонците во Македонија не се руски ботови, туку достоинствен народ кој со право реагира со фрустрации кон лошата политика која ја води Ковачевски и во дипломатијата, и во образованието, и во економското назадување.Ако веќе Ковачевски сака да се занимава со руски ботови нека си ги праша службите:- Кои функционери од СДСМ му овозможија на Онишченко да добие македонско државјанство и кои функционери од ДУИ го примија на највисоко ниво Абдул-Вајед Нијазов поранешен пратеник во руската Дума и основач на здружението “Муслиманите во поддршка на Претседателот Путин”“, вели Милошоски.

Коментари | пред 2 години

Screenshot-2022-09-12-at-13.08.12

Ковачевски ќе ја викне Данела за да помогне Скопје да заличи на метропола

Премиерот Димитар Ковачевски денеска посочи дека ќе ја повика градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска за да помогне околу тоа градот да заличи на метропола.„Тоа е обврска на опозицијата која се фалеше дека ќе го направи Скопје Метропола но за жал денес погледнете какво е. Не може да се доправи ништо што е започнато и од таа причина планирам да го повикам раководството на Град Скопје за да разгледаме што можеме ние како Влада да помогнеме бидејки граѓаните на Скопје заслужуваат да живеат во Метропола, а не заслужуваат ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат да се караат секој ден кој бил во право“, посочи Ковачевски.

Скопје | пред 2 години

thumbnail_23052022_Kovacevski_izjava_Vatikan_1

Жителите на Слупчане се семејни луѓе, станува збор за поединци кои треба да бидат санкционирани, вели Ковачевски

За проблемите со прекинот на струјата во Слупчане, премиерот Димитар Ковачевски рече дека во ова липковско село се плаќа струја, но дека се работи за одредени поединци кои прават проблеми.„Не станува збор за револт кај жителите на Слупчане, тие се семејни луѓе. Станува збор за некои поединци кои треба да бидат идентификувани и санкционирани. Сите производи на нашите маркети доаѓаат од руралните места како Слупчане и тие луѓе плаќаат струја. Се работи за повеќе лица“, рече Ковачевски.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања