Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ковачевски: Патот до Европа е тежок но тој е единствениот што може да донесе суштински позитивни промени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Иако патот до Европа е долг и тежок, тој е единствениот што може да донесе суштински промени во нашата земја и нејзината иднина, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, а 27 Конгрес на партијата кој денеска се одржува во Скопје.

— реклама —

Европа значи солидарност и еднаквост, значи развој и напредок, значи демократија и мир. Затоа, нема откажување, борбата за подобра, европска иднина продолжува. Тоа е нашата политичка битка која мора да ја добиеме, и ќе ја добиеме, рече Ковачевски.

— реклама —

ДПМНЕ не може да донесе никакви позитивни промени, тие се против ЕУ, она што го нуди опозицијата, е граѓаните да се откажат од иднината, додаде тој.

— реклама —

-ВМРО-ДПМНЕ не може да донесе никакви позитивни промени. Особено што единствената надеж за сигурна иднина на Македонија е членството во ЕУ - а тие се против тоа. Тие прокламираат загрозување на државата, излегување од стабилноста и процесите, и состојба на континуирана криза. Даваат лажни ветувања кои никогаш нема да се остварат. Доволно е да се погледне што се случи во Скопје и во општините. ВМРО-ДПМНЕ не донесе никаква позитивна промена, нема ништо подобро, нема проекти, нема јавен превоз, нема ништо добро, само катастрофа. Тоа е пример што значи ДПМНЕ кога ќе добие власт, рече Ковачевски.

На граѓаните не им треба претседател кој ќе кочи туку претседател со јасна европска визија кој ќе турка напред по вистинскиот пат.

-На претстојните претседателски и парламентарни избори имаме само една шанса да го избереме правецот на државата. СДСМ е единствената која нуди реална надеж за подобро утре, за сигурна европска иднина, рече вечерва претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 9 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 14 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања