Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Кривична пријава во Кочани: Во приватен објект чувани археолошки артефакти од Османлискиот период

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
arheolozi-strumica

Основното одделение за внатрешни работи Кочани поднесе кривична пријава против В.П. (56) од Кочани, сопственик и управител на правно лице од истиот град, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.

— реклама —

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при извршени проверки во просториите на правното лице, кај пријавениот биле пронајдени три мермерни плочи. По извршена стручна идентификација од страна на Комисија формирана во Националната установа Археолошки музеј на Република Северна Македонија, било утврдено дека плочите претставуваат оригинални археолошки наоди кои потекнуваат од Османлискиот период и дека се дел од културното наследство на државата.

— реклама —

Според наводите во пријавата, осомничениот неовластено ги чувал артефактите, а истовремено вршел и неовластени истражувања, со намера преку нивно јавно презентирање да одржува предавања и активности поврзани со таканаречен „македонизам“, при што се сомничи дека сакал да оствари имотна и друга корист.

— реклама —

Од МВР наведуваат дека со ваквите дејствија биле повредени законските одредби за заштита на културното наследство, а случајот е доставен до надлежното јавно обвинителство за понатамошна постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени 16 возачи, 12 од нив возеле без возачка

Македонија | пред 12 часа

puska

Вработени во ловечко друштво давале дозволи за лов на ловишта иако немале договор за концесија - поднесена кривична пријава

Македонија | пред 13 часа

puska

Бегал од полиција и од возилото фрлил ловечка пушка - полицијата ја пронајде и одзема

Македонија | пред 13 часа

petardi

Пред кафеана, на импровизирана тезга продавал пиротехника

Македонија | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања