Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Кривична пријава за злоупотреба на софтверска лиценца: Истата користена во 16 клубови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
kompjuter

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против едно правно лице со седиште во селото Кадино, општина Илинден, како и против В.А. (53) од селото Мирковци, скопско, во својство на управител на правниот субјект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правото од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола“.

— реклама —

Како што информира Министерството за внатрешни работи, кривичната пријава произлегува од акциска контрола спроведена на 29 јануари 2025 година во подружница на пријавеното правно лице во Тетово. При контролата било утврдено дека лиценцата која ја поседува правниот субјект била инсталирана и користена на 16 клубови на територијата на државата, иако според законските и договорните услови, истата може легално да биде инсталирана само на еден уред и не смее да биде пренесувана или мултиплицирана на други уреди.

— реклама —

Со ваквото постапување, според МВР, пријавените го повредиле правото на користење на заштитен технолошки пронајдок, со што е нанесена штета на носителот на правото, а воедно е нарушен и правниот поредок во областа на заштитата на интелектуалната сопственост.

— реклама —

По целосното документирање на случајот, кривичната пријава е доставена до надлежното јавно обвинителство, кое ќе одлучува за натамошниот тек на постапката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени 16 возачи, 12 од нив возеле без возачка

Македонија | пред 12 часа

puska

Вработени во ловечко друштво давале дозволи за лов на ловишта иако немале договор за концесија - поднесена кривична пријава

Македонија | пред 13 часа

puska

Бегал од полиција и од возилото фрлил ловечка пушка - полицијата ја пронајде и одзема

Македонија | пред 13 часа

petardi

Пред кафеана, на импровизирана тезга продавал пиротехника

Македонија | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања