Убиството кај Блаце е поврзано со крвна одмазда и пресметката меѓу криминалните подземја во Скопје. “Скопје1” дознава дека убиениот е татко на осомничениот за убиството на Оки во Грција и Жила во Шиша бар.
Убиениот се вика Зелќиф Туша, татко на Гани. Неговото безживотно тело го најде братот, а според информациите на “Скопје1”, тоа било на локален пат помеѓу Горно и Долно Блаце.
Убиениот има 56 години: МВР со детали за убиството кај Блаце
Полицијата излезе со првични информации за убиството кое се случи кај Блаце во Скопје.„Во 18.10 ч. во СВР Скопје е пријавено дека во близина на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце, Н.Т. го пронашол неговиот брат З.Т. (56) без знаци на живот, со прострелни рани од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР повикувајќи се на првичните информации.Претходно:Пред пет дена, имаше двојно убиство во Кумановско. „Скопје1“ пишуваше дека за два месеци, од средината на ноември до средината на јануари, седум лица се убиени во Македонија. Детали:
Скопје | пред 2 години