Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Куќниот притвор за Груби е доказ дека постои договор, реагира СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarybl8dm9ud2j6na7HpA0p
Скопје1.мк

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија реагираше по одлуката за куќен притвор на Артан Груби, оценувајќи дека ваквата мерка е „потврда дека сè е договорено“.

— реклама —

Од СДСМ тврдат дека судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Христијан Мицкоски и, како што наведуваат, „ВМРО-ОКГ“, обвинувајќи за политички договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

— реклама —

„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби замина преку граница, иако бил на стоп-листа. Но, за неговото враќање камери има на секој чекор“, наведуваат од партијата.

— реклама —

Според СДСМ, следела, како што велат, „веќе подготвена медиумска кампања“, а одлуката за куќен притвор ја оценуваат како продолжение на истото сценарио.

„Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор? Пеш преминал преку граница и побегнал, а бил на стоп-листа. Сега, по 14 месеци, се враќа и добива куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио?“, прашуваат од СДСМ.

Од партијата порачуваат дека „ништо не е случајно“ и дека, според нив, станува збор за дел од договор меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека останува да се види „која е цената“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 6 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 10 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања