Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Курти од Давос: Србија подобро од кога било знае дека Косово е држава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
kurti-640x427

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, кој престојува во швајцарски Давос по повод Светскиот економски форум, изјави дека Србија денес подобро од кога било ја разбира реалноста дека Косово е држава, иако и понатаму одбива формално да ја признае неговата независност, пренесува Анадолу.

Во разговор со поранешниот британски дипломат и политичар Рори Стјуарт, Курти истакна дека, и покрај континуираното непризнавање, српските власти се свесни за променетата состојба на терен. Според него, од четирите соседи на Косово, три држави ја признале независноста, додека само Србија останува на спротивната позиција, без јасни индикации дека тоа наскоро ќе се промени.

— реклама —

Курти предупреди дека Русија претставува закана за регионот, делувајќи преку Србија, оценувајќи дека соништата за повторно воспоставување доминација или враќање на стари имперски концепти мора да згаснат. Тој посочи дека, како што е невозможно оживувањето на руската империја, така е нереално и очекувањето за некакво враќање на Косово под српска контрола, бидејќи современата политичка реалност е значително изменета.

Осврнувајќи се на состојбите во северниот дел на Косово, Курти рече дека пред пет или десет години таму не постоела ниту основна слобода за слободно движење или користење на албанскиот јазик, додавајќи дека денес ситуацијата е суштински поинаква.

— реклама —

Тој повика на поголема солидарност во рамки на Европа и НАТО, истакнувајќи дека, според неговите оценки, Русија има за цел да ја поткопа и Европската унија и Алијансата, додека Кина настојува да ја достигне моќта на САД. Курти нагласи дека секој што му помага на соседот во обидите за дестабилизација индиректно придонесува за создавање проблеми и за Косово, предупредувајќи дека регионалната безбедност е тесно поврзана и меѓусебно зависна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2ro9vqk25vo01oQmliL

Вучиќ и фон дер Лајен разговараа за европскиот пат на Србија

Свет | пред 14 часа

— реклама —
media-library4pds9h0ctsn8cPwbI1B

(Видео) Опозициски критики кон претседателот Вучиќ за односот со Русија

Свет | пред 18 часа

media-libraryomve0170hsuh7Rurym6

Уапсен 20-годишник, осомничен за учество во војната во Украина

Балкан | пред 19 часа

media-libraryo3atpber2kltbOhFQP9

Малолетник фрлил бомба во Крагуевац за 1.000 евра

Свет | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања