Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Куртиши најави кадровско подмладување во Пошта: Просечната старост на вработените е 55-56 години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-libraryaqtesu8ga7ri3Pof4mG

Генералниот директор на АД Пошта, Орхан Куртиши, во својата изјава посочи дека институцијата се соочила со сериозни финансиски и организациски предизвици во 2024 година, но дека во изминатиот период се преземаат мерки за стабилизација.

„Во 2024 загубата беше поголема, се обидувавме да намалиме трошоци и да намалиме приходи, имавме нови вработувања во 2025 година, а сега во 2026 чекаме нови вработувања. Знаеме дека просечната старост на вработените е 55-56 години се обидуваме во кадровскиот дел да ги решаваме овие проблематики.

— реклама —

Кога ја земав задачата како директор, со управниот одбор направивме анализи и видовме дека во минатото има 37% администрација, но сега го намаливме тој број со одлука на управниот одбор, промена има во систематизацијата, кај што и препораките се да го намалиме од 9 на 12% администрацијата и да ги скратиме подружниците од 15 на 9%. Тоа го правиме, секој ден работиме на тој дел и се надевам дека ќе имаме резултати во следната година, кај што планираме долгорочни да бидат тие. Кога дојдов имавме 600 илјади пратки неподелени, за една недела ги средивме, ги поделиме на граѓаните, кај што стоеа во магацинот, сега нема ниту една пратка што стои, проблем имавме со возилата и сега ова го решаваме, по полека и тоа ќе се среди, само ќе ни треба уште малце време“, вели Орхан Куртиши. генерален директор на АД Пошта

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања