Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ПОШТА

media-libraryt8vuk4c0pcqmaskAjEL

Модернизација во Пошта: нови пикапи и комби возила за подобра ефикасност

Набавивме 100 товарни возила за потребите на Македонска пошта од кои 90 се пикапи и 10 комби за да може пошта нормално и без проблеми да ја извршува својата основна функција. Од претпријатие кое претходните Влади сакаа да го приватизираат, нашите цели се да создадеме профитабилна и конкуретна пошта, која ќе понуди најквалитетни услуги на пазарот, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.Тој заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и директорот на Македонска пошта, Орхан Куртиши, ги промовираа новите возила.“Драго ми е што после подолго време доаѓаат добри вести за Македонска пошта. Да потсетам, ова беше институција од која што предходната Влада беше откажана. Ова беше институција за која што се спремаа фезибилити студии за продажба и за приватизација. Како резултат на тоа, претходниот Генерален секретар на Владата беше правосилно осуден, а за други се водат судски постапки.Сега работите се менуваат и времињата се менуваат. Го гледате првиот голем чекор, а тоа е како да подобриме начинот на фунционирање на Пошта. Тој е преку една сериозна поддршка од Владата, каде што се набавени 100 возила, од коишто 90 се мали комерцијални возила или популарно наречени пикапи, а 10 се големи комерцијални возила или комби. Малите возила се со носивост од 750 кг, додека големите се со носивост од 1.800 кг и ќе помогнат многу во забрзувањето на доставувањето на пратките, што е основната дејност на Пошта.Она што сум особено горд е што од проценета вредност од 130 милиони денари без ДДВ, на електронска аукција цената се намали за цели 25 милиони денари, што значи дека заштедивме некаде над 400.000 евра само при оваа јавна набавка. Финалната цена е 104 милиони денари без ДДВ, што прави да ова е најефтина набавка на овој тип на возила реализирани во државата, некаде просечно доаѓа около 15-16.000 евра по возило, што е далеку најефтино од она што може да се најде на пазарот. Имајќи предвид дека возниот парк на Македонска пошта е застарен, оваа набавка на возила е неопходна и заради извршување на основната дејност на Акционерското друштво, а тоа е давање на универзална поштенска услуга. И нашата цел е во идниот период да го зголемуваме квалитетот, работиме заедно со раководството на Пошта на подобрување на ефикасноста во испораката на услугите и намалување на трошоците за 15 %, како и подобрување на индикаторот за профитабилност за дополнителни 15 %. Во следниот период очекуваме да се набави софтвер за Македонска пошта, како и сортирка која што во регионот воопшто ја немаи ќе значи дека Поштата ќе е најмодерна поштенска институција во целиот регион. Она што исто така е значајно и е за поздравување е дека Македонска пошта, без разлика што пазарот е либерализиран, е единствената институција која што врши универзална услуга,  што значи без разлика дали се работи за најголема пратка или за најмало писмо, кое што од Скопје треба да стигне во најмалото село во Македонија, тоа го прави Пошта и тоа е за поздравување. Тоа не секогаш може да е профитабилно и најчесто не е профитабилно, најголем дел од државите во Европа го имаат решено со субвенции кои што директно Владата ги дава на државните пошти, ние се уште гледаме да Македонска пошта со своите приходи опстојува и работи. Сигурен сум дека со овие инвестиции кои што ги правиме, како и со инвестициите кои што доаѓаат во следниот период, ќе продолжат добро да работат, ќе продолжат добро да функционираат” -изјави вицепремиерот Николоски.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryaqtesu8ga7ri3Pof4mG

Куртиши најави кадровско подмладување во Пошта: Просечната старост на вработените е 55-56 години

Генералниот директор на АД Пошта, Орхан Куртиши, во својата изјава посочи дека институцијата се соочила со сериозни финансиски и организациски предизвици во 2024 година, но дека во изминатиот период се преземаат мерки за стабилизација.„Во 2024 загубата беше поголема, се обидувавме да намалиме трошоци и да намалиме приходи, имавме нови вработувања во 2025 година, а сега во 2026 чекаме нови вработувања. Знаеме дека просечната старост на вработените е 55-56 години се обидуваме во кадровскиот дел да ги решаваме овие проблематики.Кога ја земав задачата како директор, со управниот одбор направивме анализи и видовме дека во минатото има 37% администрација, но сега го намаливме тој број со одлука на управниот одбор, промена има во систематизацијата, кај што и препораките се да го намалиме од 9 на 12% администрацијата и да ги скратиме подружниците од 15 на 9%. Тоа го правиме, секој ден работиме на тој дел и се надевам дека ќе имаме резултати во следната година, кај што планираме долгорочни да бидат тие. Кога дојдов имавме 600 илјади пратки неподелени, за една недела ги средивме, ги поделиме на граѓаните, кај што стоеа во магацинот, сега нема ниту една пратка што стои, проблем имавме со возилата и сега ова го решаваме, по полека и тоа ќе се среди, само ќе ни треба уште малце време“, вели Орхан Куртиши. генерален директор на АД Пошта

Македонија | пред 1 седмица

posta.jpg

СДСМ: Додека работниците немаат за леб се делат милионски тендери во Пошта.

Вработените во Пошта од целата земја денеска протестираат затоа што сè уште не земале плата. Доцни платата на 1.700 работници, и тоа со месеци. Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ нема пари за плати ама има за криминални тендери, велат од СДСМ.„Додека работниците немаат за леб се делат милионски тендери во Пошта.СДСМ веќе го објави скандалот, како фирма на советникот од ЗНАМ, основана на 10 јули 2024 година, добила тендер од Пошта во вредност од 1,2 милиони евра за чистење.Но за овој сканадал со тендерот во Пошта нема никаква реакција од ниту една институција досега.Што се чека?Корупцијата и криминалот на ВМРО-ЗНАМ ја загрозува егзистензијата на работниците.Не може да нема пари за плати на работниците. За ова мора да има одговорност.АКТ продолжува борбата против криминалот и корупцијата ќе продолжи.Сите ќе одговарате!Работата не е завршена“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 месеци

posta

Вработените во Македонска пошта на улица: бараат итна исплата на платите

Доцнењето на платите ги извади на протест вработените во Македонска поштаНезадоволството на вработените во Македонска пошта денеска кулминираше со организирани протести низ повеќе градови во државата, поради доцнењето на платата која, и покрај најавите, до 23 јануари сè уште не е исплатена.Претседателот на синдикатот во Македонска пошта, заедно со вработените, информираше дека протестните активности ќе продолжат сè додека не се изврши исплатата на заостанатите плати, при што не е исклучена ниту можноста за целосен штрајк.Од синдикатот посочија дека менаџментот бил навремено известен дека, доколку наредната плата не биде исплатена најдоцна до 15 јануари, протестите ќе започнат веднаш, што, како што велат, и се случило.Вработените алармираат и за тешките услови за работа, наведувајќи дека дел од објектите се без греење и основна работна опрема, а во некои простории е присутен и азбестен материјал, што претставува сериозен ризик по здравјето.Протестите не се ограничени само на главниот град. Вработени во повеќе градови низ државата денеска излегоа пред објектите на Македонска пошта, испраќајќи идентична порака и барање за итна исплата на платите и подобрување на условите за работа.

Македонија | пред 2 месеци

mobilen-telefon

Лажна порака од „Пошта“ му ја испразнила сметката на гостиварец

Четириесет и двегодишен жител на Гостивар пријавил во полиција дека бил жртва на интернет измама, при што од неговата банкарска сметка биле одземени 26.000 денари.Како што соопштија од ОВР Гостивар, на 20 јануари 2026 година оштетениот добил СМС порака со линк кој наводно водел до веб-страница на „Пошта на Северна Македонија“, со барање за ажурирање на податоци за достава на пакет.Верувајќи дека станува збор за негова претходна нарачка, тој пристапил на линкот и ги внел податоците од својата платежна картичка. Набргу потоа, без негова согласност, биле извршени пет финансиски трансакции кон различни субјекти, по што сфатил дека станува збор за измама.Случајот е пријавен во полиција, а надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarysn9sf0eg07e9a9gID1r

АКТ објави писмо од свиркач за тендерот од 1,2 милиони евра од Пошта

Антикорупцискиот тим (АКТ) на СДСМ објави писмо од свиркач, вработен во Пошта АД, со сериозни наводи за испумпување јавни пари, поврзани со тендерот од 1,2 милиони евра во АД Пошта, посочи генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција.„Пријавувам организирана кражба на 25.000 евра месечно или 300.000 евра годишно преку договорот со фирмата БС КЛИНИНГ ДООЕЛ“, наведува свиркачот во писмото кое го објави АКТ, рече Димитријевиќ.Тој појасни дека, според тендерот за хигиена во сите 14 поштенски подружници задолжително треба да има по двајца хигиеничари/ки, а во Пошта 2 задолжително по 10 хигиеничари.„А каква е реалната состојба? Само во 4-5 подружници има по 2 и работат само неколку часа дневно. Во другите 10 подружници има само по 1. Во Пошта 2 само 6-7. Значи постојано недостасуваат околу 14 хигиеничари.“, посочи Димитријевиќ пренесувајќи детали од писмото на свиркачот, вработен во Пошта.Во писмото е образложена и финансиската пресметка на загубата што, како што рече, произлегува од ваквата состојба.„И така, преку константен недостатокот на 14 хигиеничари како и скратеното работно време на останатите кои реално работат, доаѓаме до пресметката за тоа колку пари месечно е загубата, ако се земе предвид дека за сите хигиеничари (и тие што не работат и тие што работат само неколку часа во денот) се плаќаат целосни износи, согласно спецификацијата и договорот склучен со АД Пошта. Месечен трошок за еден хигиеничар е над 40.000 денари. Недостасуваат 14 хигиеничари, значи тоа се над 560.000 денари месечно. Постоечките 25-26 хигиеничари работат само 50% од времето, тоа се нови 550.000 денари. Заедно со другите давачки уште 200.000 денари, доаѓаме до речиси 25.000 евра месечно. Тоа се 300.000 евра годишно! Ете ја шемата, ете ја корупцијата“, посочи Димитријевиќ.Сите овие наводи ги објавуваме, заедно со целата содржина на писмото и бараме Јавното обвинителство да отвори истрага и да ги истражи по допрен глас. Во чии џепови завршуваат испумпаните пари?  Кој ќе одговара?АКТ продолжува со откривање на сите криминални тендери. Институциите мора да постапат, рече Димитријевиќ.

Македонија | пред 3 месеци

media-library2opifr5cv6uvcO3AETS

Грчката пошта затвора над 200 филијали

Грчката пошта направи остар рез и промени во работењето. Околу половина од филијалите на Грчката пошта (ЕЛТА) низ целата земја ќе бидат затворени од понеделник, 3 ноември.Според „Катимерини“, било одлучено трајно да се прекине работата на 204 филијали, од вкупно 456 што моментално се во сопственост на државната поштенска компанија.Оваа драстична мерка се спроведува за справување со тешката финансиска криза на државното претпријатие.

Свет | пред 5 месеци

275516190_746527000051303_1023087549904328236_n

Поради пензионирање на поштари, на пола општина Аеродром не им стигаат сметки и писма, алармира Апасиев

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, алармира дека поради тоа што поштари одат во пензија, жители на Аеродром не добиваат пратки и сметки.„Поради одење во пензија на неколкумина поштари, на пола општина Аеродром не им стигаат сметки и писма (има примери кога те исклучуваат за струја или пропушташ рок за жалба, оти немаш достава)!? И ова трае од ноември месец. И си трае, си трае, си трае... И така додека не умреме, ваљда. p.s. Да им кажеме на надлежните, дека Маите и Ацтеките имаа пофункционален поштенски систем од нашиов“, напиша Апасиев.Инаку, проблемот со доставата на сметки и пратки трае со години. Граѓани се жалат дека ги чекаат со месеци, а некогаш и не ги добиваат.

Коментари | пред 1 година

posta

Николоски: Нема да дозволиме Пошта да колабира заради приватни интереси

Ќе се избориме да ја одржиме Македонска пошта и нема да дозволиме приватните интереси да ја уништат државната пошта, истакна вицепремиерот Николоски во поткастот Бизнис Муабети.„Пошта мора да преживее. Тоа ми е огромна битка иако многумина не сакаат. Пошта има околу 1900 вработени, планираме да ја рационализираме на 1400 вработени со еден план што го работиме, но мора да преживее затоа што има големи приватни интереси кои сакаат Пошта да колабира. Тоа се приватните пошти. Но нема да дозволиме“, истакна вицепремиерот Николоски.

Македонија | пред 1 година

Photo-4

Ќе се враќа сјајот и функционалноста на централната Пошта во Скопје

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир.На средбата покрај инфорациите за тековната соработка помеѓу Владата и Делегацијата на ЕУ, се разговараше и за заштитата на културното наследство во Македонија.Во овој сегмент, се отвори прашањето за реставрација на објектот на централната зграда на Македонска пошта во центарот на Скопје како објект од културно и архитектонско значење.На средбата присуствуваа и претставници од Министерството за културa за што во наредниот период ќе се направат обиди со поддршка од ЕУ да се изврши реконстуркција и да се заштити овој објект со културна вредност за државата и истиот повторно да се стави во функција.“Негрижата за културното наследство доведе до овој степен да објектите кои ни се од културолошка и архитектонска важност да останат незаштитени. Тоа нема да го толерираме. Денешната средба со евроамбасадорот Гир беше токму во таа насока, оштетениот објект на централната зграда на Пошта да го реставрираме и да го заштитиме како објект кој има културна вредност во историјата на Македонија. Тоа нема да е ниту лесен потфат ниту евтин проект. Напротив, ќе треба да се вложи многу енергија, време и пред се стручно знаење како и сериозни средства. Но централниот објект на Пошта е од огромно историско и културно значење за Македонија како еден од најзначајните објекти од времето на брутализмот и мора да биде заштитен во својата основна форма и ставен во функција” - истакна по средбата заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Скопје | пред 1 година

posta

Вработените во АД Пошта на протест

Вработените на АД Пошта денеска во сите подружници во земјава ќе одржат протест барајќи исплата на платата за април и итно отпочнување на реформи за реорганизација и оптимизација во работењето.-Поради сериозноста на состојбите во која е доведено опстојувањето на АД Пошта на РСМ, зачувувањето на работните места на вработените и егзистенцијаta на нивните семејства, синдикалните организации и вработените на ден 22.05.2024 год (среда) со почеток на работното време од 08.00 чaсот ќе одржат протест во сите подружници во Македонија, велат од синдикатот на АД Пошта.Вработените, како што наведуваат од синдикатот, со протестот ја отпочнуваат постапката за штрајк.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-18-at-10.51.47

Многу шефови, нема поштари - синдикалците „Македонска пошта“ укажува дека таму е хаос

Синдикалните организации на „Македонска Пошта“ кажаа дека протестот на вработените е поради револт и загриженост за опстојувањето на оваа државна фирма. Тие посочија дека 80 отсто од вработените се со просек на минимална плата, а работодавачот иако имал обврска да исплати плата во законски рок - тоа не се реализира.„Раководството го прекрши елементарното работничко право за исплата на плата. Имајќи ја во предвид лошата финансиска состојба во друштвото, револтот е поголем поради сомневањето дека воопшто ќе има редовна исплата на плата. Ова е резултат на лошото менаџирање“, велат од синдикалните организации на „Македонска Пошта“.Нема шалтерски работници, нема поштари, а има препоплни работни места во администрација и шефовски позиции, посочуваат тие.„Укажувавме за хаосот кој ќе настане, но нема слух од нив“, додаваат тие.Протестите ќе продолжат ако нема остварување на нивните барања за редовни плати.

Македонија | пред 2 години

posta

Пратките доцнат, но за директорот на „Пошти“ не е толку многу лоши - приватните доставувачи се подобри оти не носат по планини

Грешки во доставување на судски пратки и спора достава на писма предизвикува незадовлнство кај граѓаните од услугите на „Пошта“. Но и покрај ова, директорот Идри Истрефи кажа дека не е толку лошо како тоа го претставуваат новинарите. Не сакаше да говори многу на темата „услуги од Пошта“, оти дошол на настан во Уставен суд да промовира маркица.„Ние денеска сме дојдени за марката (маркицата) да ја претставиме. Ако имате некое прашање може да дојдете таму. Ние работиме нонстоп, можеби има некои проблеми, но не колку што вие кажувате. Нашите работници работат напорно за да бидат слуги на граѓаните и да ги извршат своите задачи“, рече Истрефи.Прашан како е можно приватните брзи пошти со помалку ресурси да реагираат побрзо, тој рече: „Ние во нашиот дел правиме напори да што побрзо носиме пратките. Но можностите се толку. Приватните пошти се помали, ние сме универзални снабдувачи. Ние носиме пошти и во далечните места. Ние носиме по планините, селата“.

Македонија | пред 2 години

E-ybczGX0AYQ2CN

„Преку 60 мртви во пожари и ниту еден одговор, Пошта ја запалија и никому ништо - се е промашено во државава“, коментира Мицковски

Новинарот Ивор Мицковски го искоментира случувањата со откривање на виновници за повеќе пожари, узурпирани плацеви, запалената зграда на Македонски пошти. Тој смета дека во Македонија е се утнато.Неговиот став во целост:„Преку 60 мртви во пожари, десетици и десетици милиони материјална штета, технички сервиси оставени да работат после докажана хаварија, држени во фиока случаи од страна на одговорни министри, серија на сомнителни пожари во институции и за ослободување на плацови за градење, и ниту еден, еден единствен одговорен.Абе Пошта ја запалија уништувајќи културно наследство, и никому ништо. За чин кој пред 70 години човек би бил прогласен за народен херој, глумат правна држава и одговорни институции. Лани додека гореше државата и шуми отидоа неповрат си се ладеа на море, а ги немаа оспособено ни тие три ертрактори. Да, никој не треба да зема правда во свои раце, ама разбирлив е гневот од институционалната и политичка хипокризија и неказнивост. Се е утнато и промашено во државава од овие сервилни политиканти“.

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања