Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кузеска: Мицкоски лаже, многу, многу лаже!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryjmnbmball8q5buFKWu1

Боданка Кузеска од СДСМ го обвинува Христијан Мицкоски дека дошол и владее со лаги, посочувајќи дека ветувал поништување на Преспанскиот договор и дека нема да го користи „Северна“, но го измамил народот и водел црна кампања. Таа набројува, според неа, повеќе прекршени изјави и ветувања (оставка за случајот со „Пулс“, „про боно“ ангажман, повлекување поради мигранти, одговорност и правда, назначување почесен конзул), и тврди дека се штитат функционери и нема правда. Кузеска обвинува и за медиумска контрола преку мрежа поврзана со Орбан и повикува граѓаните да не дозволат манипулации.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Христијан Мицкоски лаже, многу лаже. Со лага дојде на власт. Со лаги владее. Ветуваше дека ќе го врати името, дека ќе го поништи Преспанскиот договор, дека никогаш нема изговори Северна.  Излажа. Мицкоски ги измами граѓаните, додека интензивно водеше црна кампања против СДСМ и против сите нас дека сме предавници, вели Боданка Кузеска – портпаролка на СДСМ

— реклама —

„Не им кажа на граѓаните дека поништување на Преспанскиот договор ќе значи враќање на ПЈРМ и ФИРОМ, губење на членството во НАТО и загрозување на безбедноста.

— реклама —

Денеска на сите им е јасно дека зборот не му вреди.

— реклама —

Јавно Мицкоски изјави дека доколку се открие поврзаност помеѓу ВМРО и агенцијата за обезбедување од дискотеката „Пулс“, ќе си даде оставка.

Излажа.

Велеше дека како советник на Никола Груевски работел „про боно“.

Излажа.

Рече дека трајно ќе се повлече од политиката ако се појават мигранти, односно „економски работници“. На плоштадот до него беа на Нова Година а во Прилеп на автобуска станица ги виде цела Македонија.

Ветуваше одговорност и правда. Денеска го штити Тошковски. Криминалците се во врвот на власта, одговорност нема, правдата е погребана.

За поставувањето на Душан Адамовиќ, за почесен конзул во Србија рече дека стои македонскиот амбасадор.

И за ова излажа.

Сè е лага до лага. Граѓаните веќе гледаат дека зборовите на Мицкоски не значат ништо.

40% од медиумите се под контрола преку мрежата на Орбан и тоа се злоупотребува за манипулации со граѓаните.

ВМРО лаже! Мицкоски, многу, многу лаже! Граѓани, не дозволувајте повеќе да не лаже“, додава Кузеска.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydllml4829l7v0euuYZQ

Кузеска: Цените растат, платите не - Мицкоски е дилетант кој нема капацитет да води Влада

Македонија | пред 5 дена

media-libraryfqj716mtrb1026ZtEjt

Кузеска: СДСМ бара итна истрага - зошто Славески незаконски го кочи изборот на вицегувернери на НБМ?

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryl57fijdkhjfh1QcH4Qj

Кузеска: Мицкоски лаже, како што лажеше за името, сега лаже и за ЕУ!

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryoifos19g6i2e53Q6qKk

Кузеска: ВМРО ги излажа граѓаните и за платите и за акцизите за гориво

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања