Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби, се покажа дилот, сè е договорено

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarybungj1i5d2e86ughnyJ

СДСМ преку портпаролката Богданка Кузеска тврди дека постои договорено сценарио меѓу ВМРО и ДУИ околу случајот со Груби, од „режираниот“ пречек на граница и медиумската поддршка, до одлуката за куќен притвор, за која обвинува дека е резултат на контрола врз обвинителството и судството. Како клучен аргумент го наведува соопштението на Обвинителството дека МВР и АНБ процениле дека Груби не е безбеден во „Шутка“, што било демантирано од директорот на затворот. СДСМ прашува како е донесена одлуката и посочува на обвинителот Даниел Коцев и шефот Анел Фидоски, најавувајќи одговорност.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Политичкиот дил ВМРО-ДУИ со Груби веќе на сите им è јасен, граѓаните знаат што се случува. Разоткриенo е секое делче од ова договорено сценарио. Од режираната претстава на границата, со наочари и насмевка. Преку пречекот со камери, со медиумска поддршка на 40% од медиумите под контрола ВМРО преку Орбан, па се до одредувањето на куќен притвор од обвинителството и сдуството под контрола на ВМРО-ОКГ, вели Богданка Кузеска - портпаролка на СДСМ

„Сакајќи да се исперат од скандалозна одлука за одредување куќен притвор Обвинителството директно го закопа Христијан Мицкоски.

— реклама —

Вчера, Обвинителството соопшти дека МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка дека Груби „не бил безбеден“ во „Шутка“, па затоа предложиле куќен притвор.

Истиот ден, излезе директорот на затворот Шутка, Бобан Утковски, го демантираше Обвинителството и рече дека ниту МВР ниту АНБ „не се обратиле ниту усно ниту писмено до затворот за да побараат мислење за безбедноста“.

— реклама —

Епа како донеле одлука во Обвинителството?

Има ли подобра потврда од ова тврдење дека сè е договорено и дека јавноста само се лаже и се замајува?

Сè е јасно.

Затоа обвинителството и судството беа ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, за што СДСМ со месеци говори.

Тоа го имаме како потврда и за овој случај. Кои обвинители постапуваа во предметот и кој го предложи куќниот притвор за Груби?  Предметен обвинител е Даниел Коцев, а негов шеф на Скопското Обвинителство е Анел Фидоски, кој беше избран на оваа функција на 20 јануари 2026 година.

Сè е јасно, сè е договорено, смислено сценарио.

Можеби ваквите сценарија им поминуваа со години наназад, но повеќе не поминуваат – разоткриени се.

Граѓаните гледаат и знаат сè. Одговорност ќе има“, вели Кузеска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

vlada-2024-mickoski

СДСМ со закон: Двојно државјанство да не можат да имаат ниту министри, ниту вицепремиери – од моментов!

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

СДСМ: Не се создадени услови за укинување на техничката влада и мора да остане

Македонија | пред 1 час

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 20 часа

media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања