Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кузеска: СДСМ е за целосна интеграција во ЕУ, БРИКС не е опција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
BKuzeska3

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, изјави дека партијата останува цврсто определена за целосна интеграција на Северна Македонија во Европската Унија, нагласувајќи дека полноправното членство со сите права, вклучително и правото на глас, е единствената прифатлива опција.

— реклама —

„До денес нема официјална одлука на Европската комисија, Европскиот совет или Европскиот парламент која предвидува прием на земја како полноправна членка без гласачки права. Доколку стане официјална позиција на ЕУ, дури тогаш може да се разгледува“, посочи Кузеска.

— реклама —

Таа потенцира дека СДСМ е за целосна интеграција во ЕУ и дека, според нив, не постои алтернатива на европскиот пат.

— реклама —

Кузеска ја обвини ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски дека водат антиевропска кампања, претставувајќи ја Европската Унија како фактор што врши притисок врз државата, наместо, како што рече, да ги признаат обврските и реформите што треба да се спроведат.

Според неа, блокирањето на уставните измени и создавањето проблеми со соседите ја држат државата во стагнација.

„СДСМ е за Европа, за нас нема друга алтернатива. Ниту БРИКС ниту изолацијата не се опција“, истакна Кузеска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 9 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 14 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања