Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Кузеска: Семејната фирма добила 161 тендер, а Томовски е голем донатор на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryqp3ap208ucks3NmFLkp

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска упати сериозни обвинувања за, како што го нарекува, „скандалот со семејната фирма“ поврзана со Ивица Томовски – директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата, која добила 161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра.

Кузеска обвини дека Томовски интензивно се обидува да се дистанцира од фирмата, иако во неа учествуваат негови блиски роднини – таткото Витомир, роднината Кутановски, зетот, внукот, а како контакт телефон е наведен број кој му припаѓа токму на Томовски.

— реклама —

„Затоа е нервозата? Затоа што се фатени живи“, рече Кузеска, нагласувајќи дека моделот на поврзаност е јасен и документиран.

СДСМ тврди дека следејќи го „трагот на парите“ откриле дека Томовски е редовен донатор на ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, во 2021 година Томовски донирал 8.000 евра, а во повеќе наврати уплатувал суми од 499.700 денари, 100.000 денари, 70.000 денари и 100.000 денари. Додаваат дека како донатор се јавува и неговиот зет, Кутановски.

— реклама —

„Семејна фирма, семејни донации. Сè е јасно. Вака парите завршуваат во белата палата“, изјави Кузеска.

Од партијата бараат Државната комисија за спречување корупција и Јавното обвинителство да покренат истрага за можен конфликт на интерес и корупција во врвот на владата на Мицкоски.

„Крадењето на народот мора да престане, а одговорност мора да има. Работата не е завршена“, порача СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

vlada-2024-mickoski

СДСМ со закон: Двојно државјанство да не можат да имаат ниту министри, ниту вицепремиери – од моментов!

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

СДСМ: Не се создадени услови за укинување на техничката влада и мора да остане

Македонија | пред 1 час

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 20 часа

media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања