Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Лажен „лекар од Словенија“ измамил 86-годишна жена од Виница за 30.000 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
1-1-1

Осумдесет и шестгодишна жена од Виница пријавила во полиција дека била жртва на тешка измама, при што останала без 30.000 евра, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Како што е пријавено, на 23 јануари 2026 година во 08:50 часот, во ОВР Виница, жената навела дека била телефонски контактирана од лице кое се претставило како лекар од Словенија. Тој ѝ кажал дека нејзината ќерка, која наводно била на привремена работа во Словенија, се здобила со тешки телесни повреди и дека итно била потребна поголема сума пари за нејзина операција.

— реклама —

Верувајќи во кажаното, оштетената ги подигнала парите од банка, по што, според инструкциите што ги добила, во дворот од својата семејна куќа ги предала на лице кое било испратено да ги преземе. Дури откако подоцна стапила во контакт со својата ќерка, сфатила дека станува збор за измама.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени 16 возачи, 12 од нив возеле без возачка

Македонија | пред 1 час

puska

Вработени во ловечко друштво давале дозволи за лов на ловишта иако немале договор за концесија - поднесена кривична пријава

Македонија | пред 2 часа

puska

Бегал од полиција и од возилото фрлил ловечка пушка - полицијата ја пронајде и одзема

Македонија | пред 2 часа

petardi

Пред кафеана, на импровизирана тезга продавал пиротехника

Македонија | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања