Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Лажна порака за „Сејф сити“: Кавадарчанка измамена за речиси 30 илјади денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryhcohvp1o16mfdhJ1HHi

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 21 јануари 2026 година, во 15:45 часот, во ОВР Кавадарци била пријавена измама, во која 43-годишна жителка на Кавадарци била оштетена за износ од 29.930 денари.

— реклама —

Според пријавеното, на 20 јануари 2026 година таа на својата електронска адреса добила лажна порака, испратена во име на Одделот за моторни возила при МВР, во која била известена за наводно сторен сообраќаен прекршок и добила насоки за електронско плаќање на казна. Следејќи ги дадените инструкции, оштетената се регистрирала на посочена интернет-страница и ги оставила своите лични податоци.

— реклама —

Како што било пријавено, подоцна добила известување дека од нејзината банкарска сметка бил извршен одлив на парични средства, по што сфатила дека станува збор за измама.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и повторно апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да не доставуваат лични и банкарски податоци преку сомнителни електронски пораки или линкови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени 16 возачи, 12 од нив возеле без возачка

Македонија | пред 2 часа

puska

Вработени во ловечко друштво давале дозволи за лов на ловишта иако немале договор за концесија - поднесена кривична пријава

Македонија | пред 3 часа

puska

Бегал од полиција и од возилото фрлил ловечка пушка - полицијата ја пронајде и одзема

Македонија | пред 3 часа

petardi

Пред кафеана, на импровизирана тезга продавал пиротехника

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања