Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Лефков: СДС, Филипче и Заев се истурени играчи на руската политика во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
zaev-filipce-1

Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ тврди дека СДС, Филипче и Заев се „истурени играчи“ на руската политика во Македонија, како доказ го наведува случајот со доделено државјанство на рускиот државјанин Онишченко. Според него, Онишченко, поранешен член на проруска партија во Украина и баран со потерница, добил македонско државјанство во време на СДС, наводно за настап во коњичкиот тим. Под притисок, државјанството било поништено. Лефков бара одговори за мотивите и можни економски контакти со лица од тогашната власт.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

СДС, Филипче и Заев се истурени играчи на руската политика во Македонија. Доказ за тоа е скандалот со доделувањето на државјанство на рускиот државјанин Онишченко, човек кој е осуден на затворска казна од 15 години за перење на пари и корупција во Украина, вели Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Да ја потсетиме јавноста, дека контроверзниот политичар Онишченко, бил член на проруската партија на тогашниот претседател на Украина, Виктор Јанукович. Онишченко кој бил во бегство од Украина и тамошните правосудни органи, во време на СДС доби државјанство од Македонија, откако претходно секоја нормална држава истото не му го приушти, нити пак му беше дозволен престој.

Човек кој е баран со меѓународна потерница од Украина, во тоа време осомничен за перење на пари, а сега веќе и осуден на 15 години затвор, никој не сакаше да го прими во својата држава, само Македонија предводена од СДС, Заев, Ковачевски, Спасовски и Виктор Димовски, се потрудија да му дадат државјанство, под превезот дека ќе настапува за македонскиот национален тим за јавање на коњи.

— реклама —

Под голем притисок на ВМРО-ДПМНЕ и на граѓаните, СДС не издржа и државјанството на Онишченко беше поништено. Руското влијание и политика во Македонија единствено имаат влез преку СДС, Заев и Филипче.

Но, остана неодговорено прашањето за тогашните гласини дека поранешен вицепремиер задолжен за економски прашања, се обидувал да исконтактира со ова лице и да прави економски ангажмани со него. Со оглед на тоа дека прорускиот политичар Онишченко беше претставен од тогашната власт како спортист кој ќе јава на коњ за Македонија на Олимпијада, легитимно е да добиеме одговор, која била целта на СДС за негово вдомување во Македонија и дали некој добро се нафатирал за овој случај“, додава тој.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryktpvufdvpuc04X7d5nH

Лефков: Техничката влада е дивоградба во правниот систем, власта мора да произлегува директно од волјата на граѓаните

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryr3oakqihoh0a9FL3APf

Лефков: Новата власт во Бугарија може да донесе стабилност во регионот

Македонија | пред 2 дена

media-libraryn5qv027u0tfc4lSjakU

Лефков: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ навреме реагираше за спречување на ценовниот шок којшто може да дојде од цената на енергенсите

Македонија | пред 1 седмица

media-library475gvsp5fc55cwy12Sq

Лефков: Наместо извинување, СДС и Филипче и натаму лажат за темата мигранти во јавноста

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања