Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Лефков со жестока порака до Апасиев: „Те расипаа квадратите и кешот“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Коментари
apasiev-lefkov

Пратеникот Миле Лефков јавно му одговори на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за двојни стандарди и лицемерие во политиката. Во својата изјава, Лефков порача дека „Димче не е тоа што беше“ и дека „го расипале кешот и квадратите деловен простор“.

— реклама —

„Разбирам дека вистината боли, па затоа Апасиев наместо да одговори на фактите – бега во навреди,“ наведе Лефков, посочувајќи дека суштинскиот проблем е во тоа што лидерот на Левица јавно проповеда анти-ЕУ ставови, додека неговото најблиско семејство користело европски средства преку програмата „Еразмус“.

— реклама —

Лефков потсети дека како член на Комисијата за европски прашања во целиот претходен мандат се спротивставувал на злоупотребите на европските фондови од страна на СДСМ и ДУИ, но дека Апасиев за тоа време не присуствувал на ниту една комисија.

— реклама —

„Во тоа време активно си користеле ЕУ финансии по дома,“ додаде тој.

Тој понатаму го спореди Апасиев со „самопрогласениот Енвер Хоџа на интернет подземјето“, обвинувајќи го дека мобилизира троловски армии за да шири лаги и клевети.

„Такви двојни стандарди не се политика – тоа е лицемерие на квадрат,“ изјави Лефков, додавајќи дека Апасиев не може да ја „плука Европа“ и истовремено да живее од европски пари.

„Разобличен си, лажго кој нарачува најдолни клевети. Порано беше покреативен, ама те расипаа квадратите и кешот другар,“ заврши Лефков во својата реакција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев со анализа за Куба: Инвестира во фотоволтаици додека се соочува со санкции

Коментари | пред 5 дена

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Антикорупциска ја проверувала сметката на Апасиев: Ви помина законскиот рок за постапката, ќе наминам да видам баш што сте откриле

Коментари | пред 2 седмици

media-libraryd143n0lh9tmfa5C1yiL

Апасиев: Породилно за мајките нема исплатено цел февруари, а вие слободно раѓајте бебиња

Коментари | пред 1 месец

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев за случајот со Груби: „Сам се пријавил, ама од бегство“

Коментари | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања