Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Лефков: Заев и Филипче се поврзани и со Борче Марковски, кој е под истрага за сомнителни тендери во РЕК Битола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library89gbkvfk8lcu7G2t4Ht

Врските на Заев и Филипче со руската политика на Владимир Путин, се потврдува и со нивната блискост со почесниот конзул на Белорусија и близок соработник на Лукашенко, Борче Марковски, вели Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

„Покрај доделувањето на државјанството на рускиот олигарх и осуден криминалец, Онишченко, СДС, Заев и Филипче се поврзани и со Борче Марковски, кој е под истрага за сомнителни тендери во РЕК Битола.

Фирмата на Борче Марковски, „Марковски компани’’ е фирма која во периодот од 2019 година па се до 2023 година има добиено најмногу државни тендери, односно вкупно 77 јавни набавки. Од овие 77, 66 биле со државното претпријатие ЕСМ во вредност од 141 милион евра или 93% од вкупната вредност на сите тендери.

Не само што добивал Марковски тендери од ЕСМ, во времето на Заев и Филипче, туку и фирмите подизведувачи кои соработувале со него, биле на кланот Заеви или пак на лица кои важат за блиски до нив.

Очигледно е дека СДС, Заев и Филипче имале добри контакти за соработка со лица блиски до Путин и Лукашенко, како што се Марковски и Онишченко.

Сличноста на сите овие лица е тоа што за сите има основани сомненија дека се дел од различни коруптивни шеми.

ВМРО-ДПМНЕ е заштитник на националните и стратешките интереси, и жестоко се спротивставува на руската политика промовирана од СДС на Заев и Филипче“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryktpvufdvpuc04X7d5nH

Лефков: Техничката влада е дивоградба во правниот систем, власта мора да произлегува директно од волјата на граѓаните

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryr3oakqihoh0a9FL3APf

Лефков: Новата власт во Бугарија може да донесе стабилност во регионот

Македонија | пред 2 дена

media-libraryn5qv027u0tfc4lSjakU

Лефков: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ навреме реагираше за спречување на ценовниот шок којшто може да дојде од цената на енергенсите

Македонија | пред 1 седмица

media-library475gvsp5fc55cwy12Sq

Лефков: Наместо извинување, СДС и Филипче и натаму лажат за темата мигранти во јавноста

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања