Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Љубов, надеж и трагедија: „Мадам Батерфлај“ на сцената на Националната опера и балет на 13 март

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Магазин
media-library8l1qb37cdhpn7al2SM5

На 13 март во 19.30 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини, една од најемотивните и најизведувани опери, со приказна за љубов, надеж и предавство. Диригент е Мирон Михаилидис (Грција), режисер Александар Текелиев (Бугарија), а во главните улоги настапуваат Сандра Митровска (Чо Чо Сан), Зоран Сотиров (Пинкертон) и Педро Кариљо (Шарплес), со солисти, хор и оркестар на НОБ. Операта ја истакнува безусловната љубов и кревката надеж, со спој на западни традиции и ориентални мотиви во лирска и драматична партитура.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

На 13 март со почеток во 19.30 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини – едно од најемотивните и најизведуваните дела на светскиот оперски репертоар. Станува збор за музичка драма со силна човечка приказна, во која љубовта, надежта и предавството се испреплетуваат во трагична судбина.

— реклама —

Диригент на претставата е гостинот од Грција, Мирон Михаилидис, а режијата ја потпишува Александар Текелиев (Бугарија). Сценографијата е на Живојин Трајановиќ, костимографијата ја изработи Лира Грабул, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстори се Јасмина Ѓорѓеска и Ѓургица Дашиќ.

— реклама —

Во насловната улога – Чо Чо Сан (Мадам Батерфлај) настапува Сандра Митровска, во улогата на Пинкертон – Зоран Сотиров, а во улогата на Шарплес – Педро Кариљо (Венецуела). Во останатите улоги настапуваат: Марика Поповиќ, Исмет Вејсели, Невен Силјановски, Игор Гиновски, Соња Пендовска Мадевска, Валентина Димитриевска, Марко Димовски, Марко Гапо, Дарко Станојловски, Борко Биџовски, Филип Мирчевски, Никола Чедомировски, Шинаси Рамдан и Васко Здравков, заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

— реклама —

„Мадам Батерфлај“ е опера за безусловната љубов и за кревката надеж што опстојува и покрај разочарувањето. Пучини во ова дело маестрално ги спојува западните музички традиции со ориентални мотиви, создавајќи партитура исполнета со лирска нежност и драматичен набој.

Неговата посветеност на силна и трогателна приказна се чувствува во секоја музичка линија, правејќи ја оваа опера една од најемотивните во оперската литература.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library54c1rti7n0ijcALBxk5

Изведба на комичното оперско ремек-дело „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини на 3 април во Националната опера и балет

Магазин | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања