Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

НОБ

media-library54c1rti7n0ijcALBxk5

Изведба на комичното оперско ремек-дело „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини на 3 април во Националната опера и балет

На 3 април 2026 година, со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини – едно од најпознатите и најомилените дела од оперскиот репертоар, кое со својата духовитост, динамика и препознатливи музички моменти со децении ја воодушевува публиката.Изведбата е под диригентската палка на Бисера Чадловска, режијата е на Урсула Хорнер (Австрија), сценографијата на Марија Ветероска, а костимографијата на Марија Пупучевска.Концерт-мајстор е Јане Бакевски, а хор-мајстор Ѓурѓица Дашиќ. Во солистичката екипа настапуваат: Марјан Јованоски, Биљана Јосифов, Благој Нацоски, Владимир Саздовски, Невен Силјановски, Соња Пендовска Мадевска, Драган Ампов, Кристијан Антовски, Никола Чедомировски, Филип Мирчевски, чембало: Елена Сиљаноска, заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет.„Севилскиот бербер“ е ремек-дело на Росини, композитор познат по својата музичка виртуозност, брзите ритмички фрази и живата сценска енергија. Операта изобилува со духовити ситуации, брзи дијалози и незаборавни музички моменти, меѓу кои се издвојува славната арија „Largo al factotum“, со која ликот на Фигаро повеќе од два века го освојува светот. Делото ја следи љубовната приказна исполнета со пресврти, тајни планови и комични недоразбирања, раскажана во препознатливиот, жив и раскошен стил на Росини.

Магазин | пред 1 седмица

media-library8l1qb37cdhpn7al2SM5

Љубов, надеж и трагедија: „Мадам Батерфлај“ на сцената на Националната опера и балет на 13 март

На 13 март со почеток во 19.30 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини – едно од најемотивните и најизведуваните дела на светскиот оперски репертоар. Станува збор за музичка драма со силна човечка приказна, во која љубовта, надежта и предавството се испреплетуваат во трагична судбина.Диригент на претставата е гостинот од Грција, Мирон Михаилидис, а режијата ја потпишува Александар Текелиев (Бугарија). Сценографијата е на Живојин Трајановиќ, костимографијата ја изработи Лира Грабул, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстори се Јасмина Ѓорѓеска и Ѓургица Дашиќ.Во насловната улога – Чо Чо Сан (Мадам Батерфлај) настапува Сандра Митровска, во улогата на Пинкертон – Зоран Сотиров, а во улогата на Шарплес – Педро Кариљо (Венецуела). Во останатите улоги настапуваат: Марика Поповиќ, Исмет Вејсели, Невен Силјановски, Игор Гиновски, Соња Пендовска Мадевска, Валентина Димитриевска, Марко Димовски, Марко Гапо, Дарко Станојловски, Борко Биџовски, Филип Мирчевски, Никола Чедомировски, Шинаси Рамдан и Васко Здравков, заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет.„Мадам Батерфлај“ е опера за безусловната љубов и за кревката надеж што опстојува и покрај разочарувањето. Пучини во ова дело маестрално ги спојува западните музички традиции со ориентални мотиви, создавајќи партитура исполнета со лирска нежност и драматичен набој.Неговата посветеност на силна и трогателна приказна се чувствува во секоја музичка линија, правејќи ја оваа опера една од најемотивните во оперската литература.

Магазин | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања