Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Љутков: „Тумба Маџари“ ја потврдува потребата од континуитет во заштитата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_4892

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков денеска од неолитскиот локалитет „Тумба Маџари“ ја информираше јавноста за новото откритие од актуелните археолошки истражувања, фигурина од типот на „Голема Мајка“.

— реклама —

„Новооткриената фигурина, заедно со уште една амфора, се значајни предмети кои ја збогатуваат ризницата на раритетни откритија на тлото на државата и даваат посебна ексклузивност на македонската археологија, историја и култура“, рече министерот Љутков.

— реклама —

Тој додаде дека за Министерството за култура и туризам, новите откритија се важни и во насока на тоа што укажуваат дека границите на локалитетот се прошируваат.

— реклама —

„Жалам што во годините наназад археолошки истражувања биле во застој, се определувале средства само за одржување, но како што сум информиран веќе е изготвен Елаборат за валоризација на локалитетот и Министерството за култура и туризам ќе даде силна поддршка во заштитата на културното наследство како наш врвен приоритет.

Овој локалитет ќе се прогласи за културно наследство од особено значење и ‘Тумба Маџари’, како дел од урбано Скопје, повидливо ќе се стави и во функција на културниот туризам“, истакна Љутков, кој додаде дека вгодина, ќе бидат зголемени минималните средства кои годинава се определни за поддршка на археолошките истражувања на локалитетот.

Министерот Љутков го истакна партнерскиот однос на Археолошкиот музеј и Општина Газа Баба во одржувањето на вредниот локалитет, и посочи дека грижата за „Тумба Маџари“ е успешен пример на соработка помеѓу централните установи и локалната самоуправа.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски изрази задоволство од продолжување на истражувањата на локалитетот и новите откритија, додавајќи дека тие продолжуваат со негова афирмација и промоција надвор од границите на државата.

Тој ја поддржа иницијативана на Министерството за прогласување на локалитетот за културно наследство од особено значење што, како што рече ќе обезбеди трајна заштита на ова непроценливо културно наследство.

Директорката на Археолошкиот музеј, Славица Бабамова, во годината во која Музејот одбележува 100 години од своето формирање, му врачи награда на градоначалникот Стефковски, за децениската поддршка што ја добиваат во заштитата на првиот музеј под отворено небо.

Со оглед на тоа што археолошките истражувања на локалитетот годинава продолжуваат по 10 годишен застој, раководителката на проектот, археологот Елена Стојанова-Канзурова, посочи на уникатноста на наодите од Скопскиот и од Пелагонискиот регион од неолитскиот период во светски рамки, и токму поради тоа најави апликација за нивно впишување на листата на светско културно наследство на УНЕСКО.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library95ev74pnn0fnfD7sPyp

Јас нема да попуштам на притисок, ќе одам до крај во оваа работа, им порача министерот Љутков на колегите кои бараат кривично да одговара

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryletriei6lnfn3ERk1rU

Синдикатот на културата ќе поднесе кривична пријава против Љутков и директори на културни институции

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryhu2k4voo6gk4er5LtNE

Министерот Љутков во Брисел на средба со Нела Рајхл: Фокус на младите, дигитализацијата и развојот на креативните индустрии  

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryv9jvucvjsfldfQIxqzd

Љутков: „Тодорица“ е мост меѓу генерациите и народите

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања